10 Женски тајни

10-zenski-tajni-povekje10 мали женски тајни кои можат да ви помогнат подобро да ја разберете непредвидливата женска природа - мистеријата која мажите од секогаш се обидувале...


...да ја решат. Сепак, немојте да се опуштите и да помислите дека тоа е сè што треба да знаете за жените.

1. Секогаш те тестирам. Те набљудувам, ја анализирам секоја твоја акција, збор, гест, и-мејл и израз на лицето. Дури и ако те прашам дали сакаш секс во тројка, тоа не значи дека навистина сакам да имам секс во тројка. Ако сакаш повторно да спијам и да разговарам со тебе, твојот единствен одговор треба да биде „зошто би сакал да спијам со уште една жена кога те имам тебе?“

10-zenski-tajni

2. Моето тело не е навистина така мазно и сјајно, но никогаш нема да дозволам да видиш траги од толку многу бричења, депилирања, чупања и мачкања кои му претходат на совршениот изглед.

3. Мечтаев најмалку десет пати за тебе пред да спиеме за прв пат.

4. Сакам кога зборуваш„ валкано“.

5. Дури и ако инсистирам да ја платам сметката на првиот состанок, ќе те сметам за циција ако ми дозволиш.

6. Никогаш нема да ти го кажам точниот број на мажи со кои сум спиела, без разлика колку ти се чини дека сум искрена. Ако сум ти рекла дека сум спиела со четири мажи, тој број најверојатно се ближи кон седум.

7. Сакам да ја превземеш контролата во креветот. Можеби имам успешна кариера, независна сум и имам самодоверба. Но, сепак сакам да ме земеш во раце и да ме однесеш во кревет без прашање.

8. Ако започнам кавга со тебе, тоа значи дека се чувствувам запоставено. Единствено нешто што ми треба е малку внимание и нема ништо да смениш ако повторуваш да се смирам.

9. Сакам кога си љубоморен. Ако видиш дека флертувам со келнерот, таксистот, или со некое момче на забава, всушност имам флерт со тебе преку нив.

10. Си ме расплакал повеќе пати одошто знаеш.

Би можело да ве интересира:

„Мојата партнерка заработува повеќе од мене, сака скапи вечери – исфрустриран сум“ „Двајцата работиме во банка, но таа заработува многу повеќе.  А има само 32...
Наш психолог за разводите во Македонија: „Мажите копнеат по ‘изумрен тип’ на жени, жените први бара... „ПАТРИЈАРХАЛНАТА жена која живее во функција на потребите на мажот е речиси мртв...
„Мечкина прегратка“ - Хит поза за водење љубов за паровите кои сакаат врвна интимност и страст Доколку сакате блискост и интимност при водењето љубов, тогаш ќе ви се допадне п...
Жени кои биле во врска со богати мажи споделуваат искуства: „Сите мислат дека сум со него поради пар... „Мојот претходен дечко потекнуваше од богато семејство и беше многу мрзелив, себ...
„Избегнував да бидам интимен со мојата сопруга со години и тоа ни го уништи бракот“ „Нашиот брак главно беше среќен, но отсекогаш сум имал проблеми со интимноста. Ј...
11 (изненадувачки) причини зошто некои жени избираат развод, наместо да останат во брак Жените ги иритира кога сопругот „заборава“ или намерно прави нешта лошо за да из...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg