Зошто поранешниот партнер ве бара, баш кога го преболевте?

Само што помисливте дека сте го заборавиле и сте го преболеле, кога ненадејно на екраност на телефонот гледате дека поранешниот партнер одлучил да ве побара. Кои се четирите најчести причини за овој повик?

zoshto-poraneshniot-partner-ve-bara-bash-koga-go-prebolevte-012.jpg

Пред да почнете да се залажувате и да си создавате лажни надежи дека стариот партнер ве бара затоа што решил да ви ја искаже сопствената неизмерна љубов кон вас, проследете кои се четирите најчести причини за ненадеен повик.

Посесивност и љубомора

Тоа што сте среќни и се шетате за рака со некоја нова личност може да го натера поранешниот партнер да ви се јави, но не затоа што има некои длабоки чувства, туку само затоа што сè уште е посесивен и смета дека има право на вас.

Подготвен е да ви се јави и да не ви дозволи да бидете среќни со некој друг, па и ќе ви докаже дека сè уште сте луди за него. Секако, не очекувајте дека таквото помирување може да трае долго.

samo-shto-go-prebolevte-bivshiot-partner-ve-bara-koi-se-pette-najchesti-prichini-za-toa-02.jpg

Му треба пријател

Кога поминува низ некоја тешка криза во животот, со кариерата, со семејството или љубовта, вашиот стар партнер, навикнат е да ви се јавува вам за да му дадете поддршка.

Но нема потреба тука да барате незимерна љубов, тоа го прави затоа што се навикнал со вас да си ги споделува маките, знае дека вие ќе бидете тука за него и знае дека никој друг нема подобро да го разбере од вас, а можеби во никој друг и нема доволно доверба.

Со текот на времето сфаќате дека тој воопшто и не знае колку е себичен и дека ги пречекорува сите граници за да си најде утеха, и воопшто не помислува дека ви нанесува болка.

samo-shto-go-prebolevte-bivshiot-partner-ve-bara-koi-se-pette-najchesti-prichini-za-toa-04.jpg

Сентименталност

„Леле вчера баш разговаравме со другарите за она време кога бевме заедно …“, или „Леле, вчера гледав стари фотографии“, или „Ја слушнав песната на радио“… Сите овие мигови го потсетуваат на вас, а неговиот нов партнер воопшто и не ги разбира тие мигови, затоа што можеби со него го нема тоа разбирање и ви се јавил само затоа што му се вратиле емоциите на миг.

Но, тоа не значи дека тоа е постојано чувство, можеби и вие ќе се израдувате да се присетите на тие мигови, но не значи дека треба да заборавите на сè низ што сте поминале по раскинувањето и да се обидете да ја обновите врската.

samo-shto-go-prebolevte-bivshiot-partner-ve-bara-koi-se-pette-najchesti-prichini-za-toa-03.jpg

Вие бевте најдобри

Дури откако ќе се исклучат претходните три причини, може да се земе предвид последната, четвртата причина, а таа е дека можеби по некое време, поранешниот партнер сфатил дека со вас му било најдобро и дека искрено ве сака.

Тоа може да бидат искрено и тој можеби се кае што ве повредил, ве изгубил, што не ве ценел доволно и навистина може да се потруди да ви се оддолжи.

Сепак, во пракса, ова е најретката причина и ретко кому му успева, но никогаш нема да знаете доколку не се обидете.

samo-shto-go-prebolevte-bivshiot-partner-ve-bara-koi-se-pette-najchesti-prichini-za-toa-05.jpg

Б. С. Б. | Црнобело/ фото: depositphotos.com/freepik.com

Би можело да ве интересира:

„Вљубена сум во шефот - како да го натерам да ги остави сопругата и децата и да биде со мене?“ „Знам дека е глупаво да започнеш врска со оженет маж, но тој вели дека сака да ј...
3 работи што вашиот партнер тајно посакува да ги правите во кревет (18+) Тајната на добриот секс не е само во техниката и истрајноста на партнерите. Поне...
Прашувам за пријател: Мојот нов дечко не знае дека имам дете – како да му кажам, а да не ме остави? „Проблемот е во тоа веќе двапати бевме на состанок, а јас не сум му кажала дека ...
Знаци дека некој се вљубува во вас на прв поглед, според експерт за говор на тело Разговара со вас, а погледот ѝ шета од очите до усните... Кои знаци ја издаваат ...
„Дали жената треба да му каже на партнерот со колку мажи спиела?“ (18+) „Па, не е поп за да му се исповедам“, гласи еден од хит одговорите на Србинка на...
Прашувам за пријател: „Мојот сопруг сака секс неколкупати на ден, а јас не - како да го одбијам?“ „Работата од дома беше кошмар, бидејќи тој беше во соседната соба, па ќе влезеше...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg