„Луѓето кои се во врска не мастурбираат“ - 7 митови за мастурбацијата во кои не треба да верувате

Мастурбацијата не е опасна по здравјето, а само затоа што некој е во врска или брак, не значи дека ќе престане да мастурбира.

7-mitovi-za-masturbacijata-01.jpg

Мастурбацијата е сосема нормална телесна потреба – таа е исто толку природна како и сите останати потреби за живот.

Сепак, за некои луѓе, мастурбацијата сè уште претставува табу-тема, што пак нè носи до многу дезинформации и митови околу истата.

Кои се најчестите митови, но и што навистина се случува со телото кога станува збор за сексуално самозадоволство?

Мастурбацијата и врските

Мит 1 – Луѓето кои се во врска не мастурбираат

Вистина: Луѓето мастурбираат, без разлика дали се во врска или сингл.

Некои луѓе стануваат љубоморни кога нивните партнери мастурбираат, затоа што се чувствуваат изневерено или мислат дека нивниот партнер мастурбира затоа што не се доволно добри во кревет. 

Важно е да се разбере дека луѓето имаат различни нивоа на сексуална желба – сè е совршено здраво и нормално, а тоа ја вклучува и мастурбацијата.

Мастурбацијата и анатомијата

Мит 2: Прекумерната мастурбација може да доведе до еректилна дисфункција

Вистина: Еректилната дисфункција не е резултат на мастурбација.

Она што може да им се случи и на мажите и на жените е тоа што при честото мастурбирање се навикнувате на одредени допири, без разлика дали станува збор за вибрации или за вашата рака.

Поради тоа, можеби ќе се навикнете на ова чувство и ќе ви биде малку потешко да доживеете оргазам со партнерот.

Мит 3: Мастурбацијата не е нормален дел од сексуалниот развој

Вистина: Студијата објавена во JAMA Pediatrics во која учествувале повеќе од 800 тинејџери на возраст меѓу 14 и 17 години покажала дека 73% од момчињата и повеќе од 48% од девојчињата мастурбираат – и тоа е сосема нормално и здраво.

lugjeto-koi-se-vo-vrska-ne-masturbiraat-7-mitovi-za-masurbacijata-vo-koi-ne-treba-da-veruvate-02.jpg

Мастурбацијата и здравјето

Мит 4: Мастурбацијата нема здравствени придобивки

Вистина: Мастурбацијата има голем број здравствени придобивки, вклучувајќи подобар квалитет на сон, помалку стрес и анксиозност, помалку главоболки, подобрена концентрација, зголемена самодоверба, помлад изглед и подобра физичка подготвеност.

Исто така, постојат голем број на специфични придобивки за сексуалното здравје кај жените, особено кај постарите лица, вклучувајќи намалена сувост на вагината и намален ризик од болка при секс.

Прекумерна мастурбација

Мит 5: Постои ограничување колку можете да мастурбирате

Вистина: Мастурбацијата станува претерана само ако служи како еден вид на бегство од проблемите во нашата врска, ако почне да влијае на нашето здравје или ако стане замена за вистински искуства.

Дополнително, ако мастурбацијата предизвикува физичка болка, емоционални проблеми (не можете да мислите на ништо друго), проблеми во врската или проблеми со навиките (кога само чувството на возбуда за време на мастурбацијата може да ве доведе до оргазам), тоа може да биде „аларм“ дека треба да забавите.

Но, многу малку луѓе стигнуваат до оваа точка.

Мит 6: Луѓето мастурбираат само кога се сами

Вистина: Некои луѓе мастурбираат заедно и за време на нивниот сексуален однос.

Некои парови уживаат да се гледаат како мастурбираат, додека други пак сакаат да мастурбираат до точка на оргазам после другите форми на сексуален однос.

Заемната мастурбација е исто така одличен начин за безбеден секс каде што не постои ризик од несакана бременост или пренесување на некаква инфекција.

Мит 7: Мастурбацијата е опасна

Вистина: Ова е еден од најпознатите митови. Многу митови за мастурбацијата, како овој, датираат од времето кога луѓето верувале дека сексот е само за репродукција.

Бидејќи мастурбацијата не била поврзана со чинот на репродукција, се сметала за проблематична.

Луѓето исто така верувале дека мастурбацијата може да доведе до шизофренија, туберкулоза, појава на влакнести дланки и смрт. Очигледно, ништо од горенаведеното не е точно.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
„Избегнував да бидам интимен со мојата сопруга со години и тоа ни го уништи бракот“ „Нашиот брак главно беше среќен, но отсекогаш сум имал проблеми со интимноста. Ј...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...

Најчитани неделава