Дел од најчестите пребарувања на Гугл за сексот и врските

Никој не спори дека со текот на времето се смени начинот на флертување, запознавање и речиси сè поврзано со врските. На некои им се допаѓаат овие промени, но во овој случај прво треба да знаеме што значат тие и како ги обликуваат модерните љубовни врски.

Top-5-prebaruvanja-na-Google-za-seksot-i-vrskite-01.jpg

Честопати наидуваме на „чудна“ терминологија на која не ѝ го знаеме значењето и немаме поим за што точно се работи. Сакаме да прашаме, но за да не се засрамиме од неукоста, го прашуваме нашиот „пријател“ Гугл.

Според истражувањата, постојат неколку прашања што го сочинуваат најголемиот дел од пребарувањата на Гугл поврзани со нашиот интимен, сексуален и љубовен живот.

Во продолжение пет од нив:

Прашање 1: Што е „гоустинг“ (ghosting)?

Според пребарувањата, изгледа дека сè повеќе и повеќе луѓе се обидуваат да сфатат дали личноста за која се заинтересирани исчезнала од нивните животи засекогаш, без да одговара на нивните пораки и повици.

Пребарувањето за овој термин е значително зголемено, што значи дека има многу необјасниви индиции и последици.

„Гоустинг“ значи некој едноставно да исчезне, да „испари“ од вашиот живот, без никакво објаснување, а одбегнувањето нема да се случува само во живо туку и на сите социјални мрежи.

Прашање 2: Секс на првиот состанок - да или не?

Уште едно прашање чие пребарување станува почесто на Гугл, што донекаде има смисла бидејќи мислењата на оваа тема отсекогаш биле различни.

Сепак, многу потрезвено е да се мисли дека некои работи, доколку сакаат да еволуираат во нешто постабилно, неминовно ќе се развијат сами по себе, каков и да е одговорот на ова прашање.

Повеќе зависи од тоа колкава е заемната привлечнос, фазата низ која поминуваат двајцата и особено хемијата помеѓу партнерите.

Прашање 3: Излегување/секс со колега?

Она што некои го сметаат за црвена линија која не треба да ја преминат од која било причина ако сакаат да се нарекуваат себеси професионалци, за другите не претставува никаков проблем.

Особено доколку има силна сексуална привлечност, и тоа во време кога асоцијалноста и недостатокот на познанства се знак на денешницата што ја живееме. Една причина повеќе за ова, се разбира, е тековната пандемија.

Прашање 4: Што се „трошки леб“ (bread crumbing)?

Експертите тврдат дека горе-долу сите сме се нашле во оваа состојба, бидејќи повеќето од луѓето кои оставаат срценца, секси пораки или флертувачки коментари на фотографии од други луѓе, само сакаат да имаат некого на „стенд-бај“ или им е потребна мала валидација за сопствената вредност.

Меѓутоа, намерите на оние кои се занимаваат со овој „тренд“ честопати се погрешно разбрани, бидејќи примачот можеби е навистина заинтересиран.

Па затоа, експертите препорачуваат да го следиме правилото наречено „три пораки“. Односно, доколку сме имале многу одличен разговор во три наврати, а не станало збор за никаква идна средба, добро е да си повториме дека сепак не станува збор за ништо сериозно и не треба да се залажуваме дека некогаш ќе имаме нешто со таа личност.

Прашање 5: Што е „геслајтинг“ (gaslighting)?

Овој термин доаѓа од филмот „Gaslight“, во кој манипулативен сопруг ја убедува сопругата постојано да ги анализира нејзините мисли, постапки и сеќавања за да може да ја контролира. На крај таа се сомнева во секоја нејзина мисла и перцепција.

Овде го имаме едно од најпопуларните прашања и вреди да се напомни дека тоа е метод што некои луѓе го користат во секоја врска - еротска, пријателска, семејна, дури и професионална.

Едноставно, некои луѓе уживаат да ги манипулираат другите, да ве натераат да се преиспитувате себеси, да ве доведат до состојба на лудило, со цел да почувствуваат надмоќ врз вас. Не им го дозволувајте ова токсично однесување.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
„Мечкина прегратка“ - Хит поза за водење љубов за паровите кои сакаат врвна интимност и страст Доколку сакате блискост и интимност при водењето љубов, тогаш ќе ви се допадне п...
Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...
Психотерапевтот Стојан Мишиќ вели: „Само покрај жената, љубовницата има смисла - кога ќе ја снема же... „Од љубовницата мажот добива признание дека е алфа, но оној момент кога ќе прест...
„Со партнерот 30 дена водевме љубов двапати дневно - Што се случи со нашиот однос?“ „Започнавме со играта „странци во бар“. Се преправавме дека не се познаваме, а з...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg