8 ветувања што треба да си ги дадете во 2022 за подобар сексуален живот, според секс терапевт (18+)

Редовниот секс прави да се чувствувате поудобно во сопствената кожа, го подобрува расположението, а важен е и за добра врска со партнерот. Кои ветувања треба да ги дадете за да имате подобар сексуален живот во 2022-ра година, според секс-терапевтот Трејси Кокс?

8-vetuvanja-shto-treba-da-si-gi-dadete-vo-2022-za-podobar-seksualen-zhivot-spored-terapevt-18-01.jpg

Секоја Нова година речиси сите ние правиме списоци со ветувања за нешта што ќе ги направиме во текот на 2022 со цел да си го подобриме животот.

Подобра исхрана, повеќе вежбање, водење поздрав живот, откажување од пороците. Но, што е со сексот – кои ветувања треба да си ги дадете за оваа година да имате поздрав сексуален живот?

Терапевтот Трејси Кокс вели дека во голема мера дека сексот е една од работите во нашиот живот за коишто најбрзо стануваме незаинтересирани затоа што имаме секс секогаш на ист начин.

8-vetuvanja-shto-treba-da-si-gi-dadete-vo-2022-za-podobar-seksualen-zhivot-spored-terapevt-18-07.jpg

Погледнете, кои се осумте ветувања што, според Трејси, треба да си ги дадете за да го подобрите сопствениот сексуален живот.

Извадете го сексот од спалната соба

Во ладните зимски денови најудобно е да имате секс во спалната соба каде што е топло и каде што се чувствувате удобно, но тоа не значи дека не можете да бидете креативни.

Може да имате секс во некоја друга соба, или на каучот додека со партнерот гледате некој „возбудлив“ филм. Можете да се обидете да имате секс под туш или заедно да влезете во када и да уживате во долга предигра.

Со други зборови, не мора да излезете од домот за да го извадите сексот од спалната соба, доволно е само да ја промените локацијата и да го зачините сексуалниот живот.

8-vetuvanja-shto-treba-da-si-gi-dadete-vo-2022-za-podobar-seksualen-zhivot-spored-terapevt-18-04.jpg

Секој пат кога имате секс воведете нешто ново

Освен што ќе ја промените локацијата потребно е да промените и нешто друго. Навистина не мора да биде нешто преголемо: доколку вообичаено имате секс пред спиење, обидете се да се разбудите со утрински секс и обратно. Доколку вообичаено ја облекувате облеката, обидете се да оставите некое парче облека врз себеси.

Пуштете музика, покријте ги очите на партнерот, обидете се да внесете малку секси говор или пак ако вообичаено го правите тоа, замолкнете.

Воопшто не се важни промените што ќе ги внесете, колку што е важно да се ослободите од рутината и од механичкото водење љубов.

Променете го мислењето за сопственото тело

Доколку се чувствувате попривлечно поголема е можноста да уживате во сексот, ќе имате повеќе оргазми и почесто ќе сакате да имате секс и ќе се чувствувате поудобно во интимните мигови со партнерот.

За да го промените мислењето за сопственото тело потребно е да имате повеќе секс и секако, да вежбате, но не за да изгледате подобро, туку за да имате повеќе енергија.

Општествените очекувања дека само одредениот изглед на телото е „секси“ веќе се застарени, јасно е дека за да бидете привлечни потребно е прво да бидете самоуверени и да се чувствувате удобно во сопствената кожа.

8-vetuvanja-shto-treba-da-si-gi-dadete-vo-2022-za-podobar-seksualen-zhivot-spored-terapevt-18-03.jpg

Почесто имајте секс или подолго

Редовниот секс ќе направи да се чувствувате покомотно во сопствената кожа, а исто така, добар е за работата на срцето и ја подобрува циркулацијата. Прави да чувствувате поголема поврзаност со партнерот, го поткрева расположението и помага да се изборите со депресијата.

Поставете си цел со која ќе ги надминете вообичаените ограничувања, но немојте да претерате – тоа значи дека најдобро е да си поставите цели на месечно ниво, а не на неделно.

Доколку имате секс двапати неделно, поставете си цел да имате секс петпати во текот на следниот месец. Доколку имате секс еднаш месечно, поставете си цел да имате секс трипати во следните два месеци итн.

Доколку пак сте задоволни со бројот на сексуални односи во месецот, тогаш обидете се да ги продолжите интимните средби за 10 до 15 минути.

Продожува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

„Не пробувајте да бидете порно ѕвезда“ – Интимни совети кои можеби ќе сакате да сте ги слушнеле пора... „Сексуалната некомпатибилност е вистинска – љубовен јазик, движења, нивоа на агр...
14 јасни знаци дека не сте среќни со партнерот (но не сакате да си признаете) Сѐ што прави партнерот ве нервира. Работи што порано ви биле симпатични, сега ви...
Животот во брак не е идеален, но без оглед на сè: „Се гледаме дома, љубов“ Животот со саканата личност не е онаков каков што многумина го замислуваат. Не с...
Најголемите предизвици што ги носи бракот, а за кои никој не зборува, според жени „Најтешко е тоа што ќе го видите партнерот во неговите најлоши и најгрди моменти...
„Мечкина прегратка“ - Хит поза за водење љубов за паровите кои сакаат врвна интимност и страст Доколку сакате блискост и интимност при водењето љубов, тогаш ќе ви се допадне п...
Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...

Најчитани неделава