Сексот и килограмите

seksot-i-kilogramite-povekjeСексот и телесната тежина – едното или другото, а најчесто двете – се вбројуваат во темите кои ги преокупираат мислите на совремните жеини и мажи.


Оној што ќе успее да ги обедини двете бргу би се збогатил и би добил вечна благодарност од целиот човечки род.

И мажите и жените би сакале сексот да го поттикнува губењето на килограмите; се разликуваат само по мотивот.

Машката логика е многу едноставна, но бидејќи жените очајуваат поради некое кило плус, тоа би ги натерално почесто да практикуваат секс.

seksot-i-kilogramite

За повеќето мажи тоа би била идеална ситуација, таа би добила подобро тело, а тој повеќе секс; од машка перспектива, сè би било совршено.

Да не се залажуваме, и жените би го сакале тоа. Би бил многу пријатен и едноставен начин да се ослободат од несаканите килограми – без гладување и исцрпувачки фитнес вежби.

Би можеле да истражуваат колку секс е потребно за намалување на телесната маса или кога точно треба да се почне со „програмот“ за доволно да ослабнат пред некоја специјална прилика.

За жал на припадниците на двата пола, сексот најчесто не согорува доволно калории за да се квалификува како доволно добра замена на вежбањето – освен ако не сте во состојба истовремено да практикувате секс и аеробик.

Ако е така, зошто сме уморни, дури и исцрпени по секс? Научниците велат, тоа е поради лачењето на хормоните, а не поради големиот напор при сексуалната активност.

Но, ако некој изгуби тежина при практикување на секс, тоа би бил мажот, затоа што обично мажите се тие што се физички поактивни при водењето љубов. Ова особено се однесува на брачните парови и врски во кои двата партнери се навикнале на рутинските улоги во сексот.

Да бидеме искрени, сексот и телесната тежина делуваат еден на друг – но во потполно обратена насока.

Вишокот на килограми ќе ви го расипе уживањето во сексот. Може да ви ја ослебне издржливоста, да ви оневозможи уживање во одредени секс пози, да ви го ослабне либидото, па дури и да ја убие желбата за секс воопшто.

Сè на сè, ако сакате да ослабнете, желбата за добар секс нека ви биде движечка сила за да држите диета и одберете програма со соодветни вистински вежби. Резултатот најверојатно ќе ви се допадне.

Би можело да ве интересира:

11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
„Тим билдинг е еднакво на разврат - оженети мажи и омажени жени со афери по хотели“ „Тим билдинг е еднакво на разврат. Женети мажи и мажени жени се развлекуваат по ...
Животот во брак не е идеален, но без оглед на сè: „Се гледаме дома, љубов“ Животот со саканата личност не е онаков каков што многумина го замислуваат. Не с...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...
„Мечкина прегратка“ - Хит поза за водење љубов за паровите кои сакаат врвна интимност и страст Доколку сакате блискост и интимност при водењето љубов, тогаш ќе ви се допадне п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg