„Изневерувам за да си го спасам бракот“ – 6 главни причини поради кои жените им се неверни на партнерите

Кога станува збор за неверство, секогаш има многу причини поради кои се случило. Меѓутоа, ставот на тој што изневерува и тој што е измамен е сосема поинаков. Затоа е интересно да се погледне зошто жените најчесто изневеруваат.

6-glavni-pricini-poradi-koi-zenite-izneveruvaat-01.jpg

Професорката Алиша Вокер од Државниот универзитет во Мисури разговарала со многу жени кои ги изневериле (или ги изневеруваат) своите партнери и заклучила дека тоа го прават затоа што сакаат да ги спасат своите бракови. Тоа, како што кажале многумина од нив, ги направило подобри сопруги.

Професорката ги сподели сознанијата од истражувањето во книгата The Secret Life of the Cheating Wife

Алиша разговарала со повеќе од 50 жени кои изневерувале, а само три од нив сакале развод.

Вокер, исто така, открила дека потешко е жените да се прељубнички. Само 5% од дамите се фатени во неверство, за разлика од 17% од машките прељубници.

Жените признале дека честопати изневеруваат затоа што имаат незадоволителен сексуален живот. 26 од нив признале дека нашле љубовник затоа што им недостасувале секс и оргазам.

При истражувањето, Вокер издвоила шест причини зошто жените изневеруваат:

  1. Се обидуваат да си го спасат бракот.
  2. Немаат доволно секс дома.
  3. Неверството им помага да се чувствуваат силни и самоуверени.
  4. Сакаат да ја вратат контролата врз нивните животи.
  5. Сакаат различност во водењето љубов.
  6. Од емоционални причини.

Имало и многу жени кои биле во бракови без секс. Честопати изјавувале: „Мојот сопруг не сака да води љубов со мене, а јас не знам која е причината. Годините на одбивање се болни“.

„Многу од овие жени не водат љубов со своите сопрузи со години, а некои со децении. Живееле во сексуална „пустина“. Некои од овие приказни се навистина тажни.

Една од нив ми кажа дека нејзиниот сопруг има здравствени проблеми, таа многу го сака и сè уште е вљубена во него. Таа сакала да биде со човекот со кој ќе води љубов, но тој бил болен. Па така станала многу огорчена“.

Повеќето од жените изјавиле дека ги сакаат своите сопрузи, дека тие се добри татковци, добри луѓе, одлични пријатели.

Жените признале дека се во дилема – дали да ги разделат децата од таткото, да му го скршат срцето, да завршат сами или да најдат љубовник и да го задржат семејството заедно – објаснува Вокер.

Таа напоменува дека многу жени како главна причина за неверство го споменале оргазмот, но многумина признале дека поради аферата станале подобри жени и подобри мајки и биле позадоволни.

Што мислите вие? Зошто жените изневеруваат?

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Има жени што го живеат својот рокенрол - со нив никогаш не знаеш на што си“ „Има жени што го живеат својот рокенрол. Колку и да го има сè помалку во светот,...
„Таа имаше 3 пропаднати брака - со бизнисменот ѝ здодеа, со психијатарот не најде мир, но како најде... „Третиот брак ѝ беше со психијатар. Залудно сè, ако нема мир. Зошто да го плаќа ...
„Тим билдинг е еднакво на разврат - оженети мажи и омажени жени со афери по хотели“ „Тим билдинг е еднакво на разврат. Женети мажи и мажени жени се развлекуваат по ...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
Животот во брак не е идеален, но без оглед на сè: „Се гледаме дома, љубов“ Животот со саканата личност не е онаков каков што многумина го замислуваат. Не с...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...

Најчитани неделава