Дали може да се забремени ако… 7 прашања околу сексот кои на тинејџерите им е срам да ги постават

Може ли девојката да забремени ако сè уште немала менструација? Дали кондомот навистина штити 100% од бременост?

dali-moze-da-se-zabremeni-ako-7-prashanja-okolu-seksot-koi-tinejdzerite-im-e-sram-da-gi-postavat-01.jpg

Имате момче или девојка, вљубени сте и сакате да се впуштите во интимни односи. Сепак, се плашите од несакана бременост и имате многу прашања и недоумици околу ова.

Можеби сте повеќе или помалку информирани за методите на заштита од полови болести и несакана бременост, но сигурно има некои прашања кои ве мачат, нешто што сте го слушнале, но не сте сигурни дали е вистина.

Ова се само дел од прашањата кои ги измачуваат тинејџерите, а се однесуваат на забременување и сексуално преносливи болести:

Може ли девојката да забремени ако сè уште немала менструација?

Не е невозможно. Можеби токму во тоа време првата јајце-клетка на девојката почнала да созрева – и токму таа може да се оплоди.

Доколку девојката е доволно возрасна за да има сексуални односи, ситуацијата со првата јајце-клетка која штотуку созрева не е воопшто неверојатна.

Може ли девојка да забремени доколку и двајцата сме облечени, а машкото доживее оргазам?

Не може. Спермата не поминува низ текстилот. Сепак, девојката може да забремени дури и без пенетрација доколку двајцата партнери се голи, бидејќи сперматозоидите се многу подвижни.

Најопасно во таа смисла е допирањето на интимните делови на девојката со прсти со сперма на нив.

Може ли девојката да забремени за време на менструацијата?

Може. Ова е особено лесно за тинејџерките, бидејќи нивните менструални циклуси се неправилни, така што новата јајце-клетка може многу брзо да созрее – а спермата во телото на девојката може да преживее неколку денови.

Доколку момчето го извади пенисот пред оргазам, дали девојката може да забремени?

Може. За време на сексуалниот однос се лачи одредена количина на сперма, односно предсемена течност, а доволен е само еден сперматозоид за оплодување на јајце-клетката.

Доколку девојката голтне сперма за време на орален секс, дали може да забремени?

Не може. Спермата потоа стигнува до желудникот и не може да ја оплоди јајце-клетката.

Од орален секс не можете да забремените, но можни се појави на сексуално преносливи болести.

Ако момчето и девојката се во када полна со вода, уживаат во галењето и тој ејакулира, дали девојката може да забремени?

Ваквите приказни повеќе им припаѓаат на урбаните легенди отколку на реалноста. Во принцип, сперматозоидите ќе умрат по контактот со топлата вода, така што шансите девојката да забремени на овој начин се навистина минимални.

Дали кондомот навистина штити 100% од бременост?

Не. Со правилна употреба, кондомот штити од бременост и сексуално преносливи болести околу 91% од случаите. Случајно може да го оштетите кондомот со ноктите, може да се скине или, пак, да не забележите дека му поминал рокот.

Ако се штитите од бременост само со кондом, треба да внимавате на сето горенаведено.

За најсигурна заштита се смета комбинацијата од контрацептивни таблети и кондоми. Доколку сакате да пробате таблети, прво задолжително консултирајте се со гинеколог.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...
8 докази дека сте сопруг за медал (дури и ако сопругата не ви го доделила) Kои се знаците дека сте одличен сопруг? Број 1: Слушате вистински... Не ја преки...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
„Ја сретнав девојката од моите соништа, но издржувам само 30 секунди водење љубов со неа - што да на... Темата за предвремена ејакулација не е многу дискутирана меѓу мажите и нивните д...
„Избегнував да бидам интимен со мојата сопруга со години и тоа ни го уништи бракот“ „Нашиот брак главно беше среќен, но отсекогаш сум имал проблеми со интимноста. Ј...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg