Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Секс на јавно место, секси професорки и садо-мазо игри - најчестите сексуални фетиши на луѓето (18+)

Многумина од луѓето имаат различни фетиши во кои уживаат. Од друга страна, многумина пак се срамат од нив, бидејќи ги сметаат за изопачени и погрешни.

Najcestite-seks-fetishi-kaj-lugjeto-01.jpg

Сепак, фетишите не се ништо друго освен типови на сексуално однесување преку кои возбудувањето се стимулира од одредени делови од телото, мириси, ситуации, постапки или предмети.

Жените честопати се збунети доколку ги возбуди нешто „атипично“ или ако нивниот партнер им признал и споделил со нив некаква необична сексуална желба. 

Ви ги претставуваме најчестите сексуални фетиши со напомена дека нема ништо необично во нив и не сте единствени:

Фетиш на стапала

Можеби ќе се изненадите, но привлечноста кон стапалата е еден од најчестите сексуални фетиши во светот, особено кај мажите.

Во овој случај, лицето е возбудено од изгледот на стапалата, допирот, мирисот, движењата на прстите итн.

Покрај тоа, интересот за стапалата се пренесува на чевлите, хулахопките или чорапите.

BDSM (Врзување и садо-мазо игри)

Ова воопшто не е изненадувачко. Веројатно сите имале идеја да го подобрат својот сексуален живот со лисици, камшици, ремени, јажиња итн.

Покрај тоа, зависноста од BDSM може да варира од блага суровост до целосна перверзија и доминација.

Игра на улоги

Оваа игра со различни улоги на партнерите обично се поврзува со сексуална желба за луѓе со одреден социјален статус: доктор, медицинска сестра, шеф или секси професорка.

Играњето на сексуални улоги е одличен начин да ја задоволите фантазијата и да му се даде подлабока димензија на интимниот живот со партнерот.

Воајеризам

Овој чин вклучува сексуално задоволство или возбуда од гледање на други луѓе кои се соблекуваат или имаат секс. Сепак, незаконски е да се шпионира некого без согласност.

Затоа е подобро луѓето со таков фетиш да присуствуваат на специјализирани, тематски секс-забави – многумина таму се воодушевени доколку некој ги набљудува.

Секс на јавно место

Не е никаква тајна дека многу луѓе чувствуваат потреба од секс на јавни места. Во исто време, тие се возбудени од ризикот да бидат фатени.

Ова, исто така не е легално, но тоа е она што ја поттикнува сексуалната желба.

Латекс

Многу луѓе доживуваат сексуално задоволство носејќи облека од латекс или гледајќи го партнерот во кожен костум. Возбудата поврзана со латексот е од две причини.

Прво, тоа е поврзано со BDSM, ропството и потчинувањето. Второ, латексот додава сексуална нота на телото, оставајќи простор за многу фантазија и валкани игри.

Долна облека

Овој фетиш е подеднакво распространет како кај мажите, така и кај жените. Интересно е што честопати луѓето не ги возбудува новата убава долна облека, туку старите гаќички, кои во себе го задржуваат мирисот на жената.

Многу мажи се исто така возбудени поради изгледот на женските чорапи, особено самодржечките чорапи кои се навлекуваат над колената.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
Една најважна лекција што ја научив за љубовните врски „Мојата сопруга почина по само 10 години брак, така што ‘засекогаш’ не ви е вете...
„Девојка ми не сака да работи и очекува јас да плаќам за сè – мислам дека е мрзлива и има нереални ж... „Со девојка ми сме заедно повеќе од две години. Ми кажа дека сакала само јас да ...
„Сопругот не сака да има секс со мене откако останав бремена – што да правам?“ „Не беше вака пред да останам бремена, па почнав да се мразам и себеси и него и ...
Луѓе откриваат: „Предупредувачки знаци кај бившиот што ги игнорирав“ „Неговите пријатели ми рекоа да се држам настрана од него. И, тоа требаше да ми ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg