Без завидување!

bez-zaviduvanje-povekjeВеројатно барем некогаш ви се случило да дознаете дека партнерот на вашата колешка, пријателка или роднина на својата сакана и подарил нешто што...


...вам ви се допаѓа, нешто големо и не баш евтино, ја изненадил со патување од соништата или направил некој љубовен гест кој вас ве одушевил.

Секако, се радувате поради колешката, пријателката или роднината, но понекогаш чувствувате и завист и помислувате: „Ех, кога и овој мојот така би направил.....

bez-zaviduvanje

Ваков вид завист се јавува многу често. Било кој да е поводот суштината е секогаш иста: ви се јавува мисла како партнерот на вашата колешка е пољубезен, повнимателен, поромантичен – со еден збор подобар од вашиот партнер.

Всушност можеби баш и не е најдобар, но вам ви изгледа така, барем во дадениот момент, тој ја сака својата партнерка повеќе одошто вашиот партнер ве ссака вас. Е, тоа е болна мисла.

Покрај тоа што е болна, таа е и отровна – ја труе вашата врска. Со такви мисли лесно може да се случи да почнете да му приговарате на партнерот, ни крив ни должен, а при тоа да не му е јасно за што станува збор.

Вие не можете туку така да му кажете дека ви е жал што и тој не ве носи на Карибите, особено ако знаете дека тој тоа и финансиски не би можел да го изведе.

Што е најлошо, и вам баш нешто многу не ви се патува на Карибите. Да, убаво би било но не сметате дека е тоа најважната работа на светот.

Само кога го слушнавте тоа од пријателката....ви делуваше многу убаво и романтично и вистински израз на љубовта.

При тоа сте заборавиле на нешто: секој маж ја покажува љубовта на поинаков начин. Некој ќе подари убаво патување, или некоја скапа работа, некој ќе помогне дома, ќе подготви вечера кога сте уморни или ќе ви го купи омилениот колач – нешто што не го подарува или прави оној што ве носи на патување.

Затоа без завидување! Радувајте и се на среќата на својата пријателка, но радувајте се и на својата среќа што имате партнер кој ве сака и кој на нему својствен начин тоа ви го покажува.

Би можело да ве интересира:

15 тајни на брачните парови кои ретко се караат (применете ги веднаш) Не чекајте да настане проблем за да зборувате. Доволни се неколку искрени речени...
11 (изненадувачки) причини зошто некои жени избираат развод, наместо да останат во брак Жените ги иритира кога сопругот „заборава“ или намерно прави нешта лошо за да из...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...
Психотерапевтот Стојан Мишиќ вели: „Само покрај жената, љубовницата има смисла - кога ќе ја снема же... „Од љубовницата мажот добива признание дека е алфа, но оној момент кога ќе прест...
Ниту еден брак не е совршен, без разлика колку убаво изгледаат фотографиите Ниту еден брак не е совршен, без разлика колку убаво изгледаат фотографиите, кол...
Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg