„Се чувствувам виновна затоа што мојот партнер е речиси на иста возраст со син ми - јас имам 47, а тој 26 години“

„Се состанувам со прекрасен млад маж. Тој е забавен, изгледа одлично и ме прави среќна, но кога сум со него се чувствувам виновна затоа што е речиси на иста возраст со син ми. Не сакав да се состанувам со толку помлад маж, но со него некако кликнавме. Се запознавме ненадејно и се вљубивме. Јас имам 47 години, а тој 26...“

se-chuvstvuvam-vinovna-zatoa-shto-mojot-partner-e-rechisi-ista-vozrast-so-sin-mi-jas-imam-47-a-toj-26-godini-01.jpg

Жена на возраст од 47 години се обраќа до магазинот „TheSun“ со проблемот кој го има поради грижата на совест што нејзиното момче е многу помладо од неа.

Нејзината исповед гласи:

„Се состанувам со прекрасен млад маж. Тој е забавен, изгледа одлично и ме прави среќна, но кога сум со него се чувствувам виновна затоа што е речиси на иста возраст со син ми.
Не сакав да се состанувам со толку помлад маж, но со него некако кликнавме. Се запознавме ненадејно и се вљубивме.
Јас имам 47 години, а тој 26.

Бев изненадена што маж на негови години би сакал да се состанува со мене, но една пријателка ме убеди да уживам затоа што животот е еден.
Излегувавме, разговорите ни се одвиваа со леснотија. Посебен е, од самиот старт знаев дека сакам да го видам повторно.
Оттогаш сме заедно и иако сме во различни фази од животот дружбата со него ми е една од најубавите работи. Ова ми е врска со најмалку стрес досега.

Морам дури да се штипнам за да си поверувам дека е вистина. Како да е премногу добро за да биде реално. Сексуалниот живот ни е одличен и самодовербата никогаш не ми била на повисоко ниво. Тој неретко коментира дека жените на негова возраст се несигурни.

Но, понекогаш токму по сексот ме мачи најголемо чувство на вина и главната причина е што јас сум мајка на 24-годишник. Мојот син е речиси на иста возраст како мојот партнер и тоа ми изгледа погрешно.
Не знам како ќе се одвива нашата врска во иднина, но навистина не можам да спијам, што ако дознае син ми, како да му објаснам...? Не сакам да ми се налути, а од друга страна не сакам да раскинам затоа што ми е прекрасно.“

Советот од психологот во магазинот „TheSun“:

„Не правиш ништо погрешно. Ако уживате заедно и притоа не повредувате никого зошто да не бидете заедно?
Најдобро е што поскоро да му кажеш на син ти, дури и да му е чудно на почетокот - ќе прифати, сигурно и тој сака да бидеш среќна.

Со текот на времето ќе се навикне на ситуацијата, па дури и да има нешто против не е страшно, најважно е да бидеш добра мајка, а тоа што на страна од секојдневните обврски и тебе ти е потребна забава и релаксација е сосема во ред.“

Што мислите вие за оваа ситуација? Би се согласиле со советот од психологот на магазинот „TheSun“?

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
Зошто не е воопшто лошо да се биде сингл? Вкусот на неограничената слобода. Не треба да се консултираш, преговараш или убе...
Животот во брак не е идеален, но без оглед на сè: „Се гледаме дома, љубов“ Животот со саканата личност не е онаков каков што многумина го замислуваат. Не с...
Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...
Жени кои биле во врска со богати мажи споделуваат искуства: „Сите мислат дека сум со него поради пар... „Мојот претходен дечко потекнуваше од богато семејство и беше многу мрзелив, себ...
Најголемите предизвици што ги носи бракот, а за кои никој не зборува, според жени „Најтешко е тоа што ќе го видите партнерот во неговите најлоши и најгрди моменти...

Најчитани неделава