Каков љубовен партнер сте според месецот на раѓање?

Јули

Вие сте многу мистериозен љубовник. Вашиот партнер никогаш не знае што да направи следно, ниту пак кој е вашиот нареден чекор. Додавате зачин на вашите врски и ги одржувате во живот.

За вас никој никогаш нема да каже дека сте здодевни или дека ви недостасува возбуда. Имате одличен карактер кој не треба да го менувате.

Август

Вашата самодоверба често може да изгледа како доминантно однесување, но вие по природа не сте многу доминантни. Не плашете се да истражувате нови работи.

Недостатокот на срамежливост ќе ви помогне да привлечете партнер кој исто така е отворен и подготвен за „соработка“. Ќе напредувате и ќе растете заедно. Генерално, љубовниците родени во август се подготвени да го поддржат партнерот и во добри и во лоши моменти.

Септември

Вашиот интелект ве прави љубопитен, зборлив љубовник на кој му треба партнер кој знае како да го стимулира неговиот ум. Секогаш сте позрели од оние во вашата генерација, што е предност што многу партнери знаат да ја ценат и поради која ви се восхитуваат.

Љубовта кон вас може да претставува предизвик за некого, но упорноста на вашиот партнер ќе му се исплати на крајот.

Октомври

Заштитен знак на родените во октомври е спонтаноста и вие сте токму такви љубовник. Сакате да истражувате и во душа сте авантурист. Побарајте партнери кои се слични на вас за да не се разочарате од некој кој не ги дели вашите задоволства.

Вашата возбудлива партнерска природа ќе ве држи будни. Генерално внесувате забава во сè во што правите, што е прекрасна карактеристика.

Ноември

Ова се луѓе кои не се држат до правилата и претпочитаат да истражуваат нови работи. Типично за нив е често пати да се однесуваат поинаку во љубовта отколку во секојдневниот живот.

Во интимните ситуации често сте пати сте малку срамежливи. Вашиот партнер секогаш ќе биде многу задоволен од вас бидејќи вие сте многу уникатен „пакет“.

Декември

Вие се воздржувате во љубовните врски. Ги чувате дивите искуства за посебни прилики. Вежбајте да бидете поотворени со партнерот. Вам ви е многу важно да бидете со некој кому му верувате.

Побарајте партнер кој има заштитничка страна и сака да дава поддршка, бидејќи тоа ќе ви помогне да истражите повеќе со него отколку што сте спремни да истражувате самите.

(О)Милена | Црнобело

 



Би можело да ве интересира:

4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
Знаци дека партнерот не ужива во сексот со вас (и што да направите околу тоа) Ако кај партнерите не постои спонтано допирање кое претходно постоело или прегра...
3 работи што вашиот партнер тајно посакува да ги правите во кревет (18+) Тајната на добриот секс не е само во техниката и истрајноста на партнерите. Поне...
Навики со кои несвесно си ја уништувате врската, низ илустрации Го критикувате партнерот за секоја ситница и си давате слобода да одлучувате за ...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
„Дали жената треба да му каже на партнерот со колку мажи спиела?“ (18+) „Па, не е поп за да му се исповедам“, гласи еден од хит одговорите на Србинка на...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg