Трикови како да имате страстен сексуален живот, како Кортни Кардашијан и Тревис Баркер (18+)

Парот е познат по скандалозното однесување со интимни допири во јавност, па дури и лижење прсти еден на друг, но главниот трик со кој ја одржуваат страста во сексуалниот живот е сосема неочекуван.

trikovi-kako-da-imate-strasten-seksualen-zhivot-kako-kortni-kardashijan-i-trevis-barker-01.jpg

Кортни Кардашијан и свршеникот Тревис Баркер се еден од најстрасните славни парови. Тие не се срамат да ги покажат емоциите и дивата енергија што владее меѓу нив.

Интересно е што тие изјавија дека тајната на нивната страст е токму во апстинирањето од секс.

trikovi-kako-da-imate-strasten-seksualen-zhivot-kako-kortni-kardashijan-i-trevis-barker-06.jpg

42-годишната ријалити ѕвезда откри дека со музичарот се договориле 12 дена да минат без секс и оргазми. Таа на сите им ја препорачува кратката апстиненција од секс како тактика да ја вратат искрата во сексуалниот живот.

„По краткото воздржување од секс сè беше подобро. Замислете на пример дека не смеете да пиете кафе и по одредено време пиете, чувството е тооолку добро“, вели Кортни.

trikovi-kako-da-imate-strasten-seksualen-zhivot-kako-kortni-kardashijan-i-trevis-barker-03.jpg

Парот е познат по скандалозното однесување со интимни допири во јавност, па дури и лижење прсти еден на друг. Едноставно зрачат со сексуална енергија.

Која е нивната тајна? Експертот за врски Анабел Најт вели дека потребни се мали трикови за да ја задржиме магијата од медениот месец во долгите врски.

trikovi-kako-da-imate-strasten-seksualen-zhivot-kako-kortni-kardashijan-i-trevis-barker-08.jpg

Неколку трикови за будење или задржување на сексуалната страст:

Разгледување на стари фотографии од некој одмор

Ова сигурно не ви личи на потег кој ќе ја разбуди страста, но верувајте дека е, само индиректно. Гледањето на овие фотографии ќе ви донесе задоволство и ќе ве потсети на емоциите кои во тој период сте ги имале еден за друг.

Испечатете некои фотографии од такви убави мигови и ставете ги во близина на креветот за да ви вратат убави спомени на моменти.

Ќе си размислите колку била поинаква вашата врска тогаш, колку време сте поминале заедно и како сте зајакнале како пар. Се разбира, и ќе ве потсети на авантуристичкиот секс на плажа во Шпанија пијани од сангрија, можеби...

trikovi-kako-da-imate-strasten-seksualen-zhivot-kako-kortni-kardashijan-i-trevis-barker-07.jpg

Креирајте секс листа

Многу парови забораваат да комуницирааат, а со тоа и да си кажат што сакаат во креветот.

И да сте заедно со години, не треба по автоматизам да претпоставувате дека знаете што сака партнерот. Плус, како стареете, така желбите ви се менуваат.

Ако се борите да пронајдете зборови, најдобро е на хартија да ги запишете вашите желби, тие можат да бидат од слатки и еротски до смели секс фантазии.

Ставајте ги во теглички ливчињата и отворајте едно по едно одвреме-навреме.

Уште неколку идеи:

- Копирајте секс потези од филмови како „Ghost“ на пример. Ова ќе биде сензуално искуство за двајцата.

Може да се инспирирате и од „Dirty Dancing“, каде ќе пронајдете голема инспирација за предиграта. Учењето на нови вештини заедно ќе ве зближи.

trikovi-kako-da-imate-strasten-seksualen-zhivot-kako-kortni-kardashijan-i-trevis-barker-05.jpg

- Нека има исчекување

- Планирајте патувања заедно

- Бакнувајте се долго

- Имајте секс набрзина

- Гледајте се долго во очи за да се поврзете не едно поинтимно ниво

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
Гоца Тржан сака секс на јавно место, Ким Кардашијан – кучешка поза: Што им е омилено во сексот на по... Анџелина Џоли сака садо-мазо, а Ријана секси играчки и врзување... Што сакаат на...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
Што го предизвикува болниот секс кај мажи и жени + како да ја намалите болката? Сексот може да биде болен и за мажите и за жените, а за тоа постојат повеќе прич...
Какви сте во кревет според начинот на којшто пишувате пораки? (18+) Ако често користите емотикони, најверојатно сте гласни во кревет и секогаш му ка...
„Не сте привлечни бидејќи сте интелигентни“: Секс експерт е мета на критики за советите за сингл жен... „Најверојатно не сте толку примамливи затоа што сте премногу интелигентни, а нек...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg