„Мојот партнер не престанува да гледа други девојки на Инстаграм и да им лајкува фотографии - што да правам?“

mojot-partner-ne-prestanuva-da-gleda-drugi-zhenski-na-instagram-i-da-im-lajkuva-fotografi-shto-da-pravam-02.jpg

„Социјалните мрежи навистина го променија начинот на кој функционирање во врските и секој пар има различни граници и различна перцепција за тоа какво однесување е во ред во врската.

Една моја пријателка го имаше истиот проблем со партнерот. Тој постојано лајкуваше фотографии на други девојки и таа сметаше дека ѝ го руши интегритетот, па му кажа отворено. Тој ги зема предвид нејзините емоции и престана да лајкува таков тип на фотографии.

Ти веќе си го сторила ова, но очигледно отворената комуникација не го решила проблемот. Наредниот чекор е уште еднаш да му споменеш и ако повторно одбие да те послуша, да размислиш дали можеш да поминеш преку ова, ако не го промени однесувањето, и да останеш во врска.

Социјалните мрежи создаваат зависност и понекогаш не ни сфаќаме колку сме зависни од нив. Овие лајкови можеби не му значат ништо на твојот партнер, туку му се некој тип на навика.

Обично, лајкуваме за да ги поддржиме нашите пријатели и да покажеме дека ни се допаѓа тоа што го гледаме.

Прашај го партнерот што добива за возврат од тоа што лајкува ваков тип на фотографии, дали поддршката на овие девојки прави тој да се чувствува добро?

Некои ќе кажат што ако лајкува, кога никогаш нема да има шанса да ги сретне овие девојки, но тогаш зошто толку би му значело да продолжи да лајкува, ако тоа тебе те повредува? Дали тој ќе се чувствува добро ако ти лајкуваш фотографии од жешки момци?

Ако не успееш да го убедиш, тогаш поработи на тоа да се чувствуваш безбедно во врската, односно работи на својата самодовербата и на градење доверба помеѓу вас двајца. За да бидеш среќна во врската мора да се чувствуваш сакано, безбедно и почитувано.“

С. С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
Животот во брак не е идеален, но без оглед на сè: „Се гледаме дома, љубов“ Животот со саканата личност не е онаков каков што многумина го замислуваат. Не с...
14 јасни знаци дека не сте среќни со партнерот (но не сакате да си признаете) Сѐ што прави партнерот ве нервира. Работи што порано ви биле симпатични, сега ви...
Најголемите предизвици што ги носи бракот, а за кои никој не зборува, според жени „Најтешко е тоа што ќе го видите партнерот во неговите најлоши и најгрди моменти...
„Понекогаш партнерот не успева да доживее оргазам - дали проблемот е во мене?“ „Гледајќи во лицето на мојот партнер забележав капка пот како се тркала по негов...

Најчитани неделава