Терапевт открива: 15 значајни работи кои треба да ги знаете за партнерот по 6 месеци врска

Колку време му треба да се подготви за излегување, како сака да го слави роденденот, што го возбудува сексуално… Терапевт открива 15 прашања на кои треба да имате одговор за партнерот по 6 месеци врска. 

15-mali-no-znachajni-raboti-shto-treba-da-gi-znaete-partnerot-po-6-meseci-vrska-spored-iskusen-terapevt-01.jpg

Ако сте во подолга врска, веројатно знаете скоро сè за вашиот партнер – од ситници како неговата омилена храна, па сè до неговите цели, желби, па дури и стравови.

Ако врската е подолга од една година, тогаш сте имале време да ги научите овие работи за вашиот партнер. Но, според терапевтот Џеф Гуентер постојат некои детали за партнерот што би требало да ги знаете уште во првите шест месеци од врската.

Џеф, кој работи и живее во Портланд, има TikTok профил каде што редовно споделува совети за љубовни врски.

Неодамна тој сподели видео каде што открива кои се „малите но значајни работи“ кои смета дека партнерите треба да ги знаат еден за друг доколку се заедно шест месеци.

Видеото брзо стана вирално и досега има над 3,9 милиони прегледи.

15-mali-no-znachajni-raboti-shto-treba-da-gi-znaete-partnerot-po-6-meseci-vrska-spored-iskusen-terapevt-02.jpg

Џеф работи како терапевт 17 години и вели дека овие работи се навидум безначајни, но всушност откриваат многу за тоа каква личност е вашиот партнер.

Кои работи треба да ги знаете за вашиот партнер според Џеф?

1. Како сака да го прославува неговиот роденден?

2. Дали и колку време насамо му е потребно?

3. Која му е омилена храна?

4. Што го возбудува сексуално?

5. Колку време му треба да се подготви за излегување?

6. Кои му се омилените серии, филмови и музичари/бендови?

7. Кој е неговиот најконтроверзен став?

8. Кој е неговиот најдобар пријател и зошто?

9. Кој член од семејството го нервира најмногу?

10. Што може да го насмее во секој момент?

11. Која е неговата најголема несигурност?

12. Кој е најдобриот начин да му помогнете кога е под стрес или тажен?

13. Што точно сака од вашата врска?

14. За што си дозволува да потроши повеќе пари од планираното?

15. Што е она што го сака – како песна, филм или што било – за кое другите сметаат дека е лошо, глупаво или слично?

@therapyjeff 15 small but very significant things you should know about your partner 6 months in to relationship. #relationshiptips #love #datingadvice #mentalhealth #therapy #dating ♬ original sound - TherapyJeff

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

3 работи што вашиот партнер тајно посакува да ги правите во кревет (18+) Тајната на добриот секс не е само во техниката и истрајноста на партнерите. Поне...
7 работи за кои размислува мажот за време на првиот секс со вас Веќе некое време се гледате со некој маж и стигнувате до фаза кога треба да имат...
7 работи кои добрите мажи им ги кажуваат на своите сопруги Oмажи се за маж кој ги кажува овие работи: „Јас сум многу горд на тебе, знаев де...
Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
Што сакаат мажите постари од 40 години во сексот? (18+) Мажите над 40 години признаваат дека ги возбудува кога жената ќе облече нешто од...
Можна ли е врска на далечина + како да ја зачувате близината со партнерот? Поставете правила и редовно слушајте се преку видео повици - врската на далечина...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg