Ви раскинаа? И што сега? (2)

vi-raskinaa-i-sto-sega-2-povekjeГо продолжуваме вчерашниот водич за преживување. Значи...Не и се јавувајте на бившата љубов! Вратете се во вообичаените животни текови. Оваа недела...

...посебно издвојте време за излегување од дома. Секако, можеби не сте расположени да се облекувате, но сепак...посебно дотерајте се.

vi-raskinaa-i-sto-sega-2

Ако изгледате убаво, убаво и ќе се чувствувате. Ништо толку не ја ублажува болката од недамнешното раскинување колку комплиментите добиени во вистински момент.

Испланирајте го секој викенд во наредниот месец, се разбира со приајтелите. Излезете и играјте – музиката е благотворна. Вежбајте четири пати неделно.

Да, знаеме дека не вие до тоа, но сепак направете го. Ќе бидете поопуштени и посреќни. Не седете дома. Во првата недела дозволете си и една добра масажа.

Втората недела

Не го вртете тој број на телефон! Направете детална листа на своите предности. Угодувајте си. Го заслужувате тоа – многу работи ви поминаа преку глава. Своето ново слободно време (веројатно и екстра пари) потрошете го на нешто вам што ви годи.

Момците можеби ќе сфатат дека им треба некој гаџет чие купување сте го одложувале подолго време. Сега е вистинско време. Девојки, сè што можеме е да ви кажеме вам е: купувајте чевли!

Последните две недели од месецот

Не ни помислувајте да и се јавите на бившата љубов! Најлошото штотуку помина. Постепено се враќате во „сингл“ рутината. Бидете себични кога е во прашање организација на вашето секојдневие и правете што сакате.

Време е за долгорочни планови: еден за патување, а друг за вашиот живот. Сите опции се отворени, па...што сакате? Да продолжите со студиите? Да станете рок ѕвезда? Да научите да возите? Само напред!

Го поминавте патот кон опоравувањето, сега ги знаете сите трикови. Еден ден ќе сретнете личност која ќе ве сака и почитува.

Тогаш ова раскинување, кое е неподносливо во почетокот, ќе биде една заборавена етапа која сте ја поминале на патот кон вистинската љубов.

Би можело да ве интересира:

„Ја сретнав девојката од моите соништа, но издржувам само 30 секунди водење љубов со неа - што да на... Темата за предвремена ејакулација не е многу дискутирана меѓу мажите и нивните д...
Ниту еден брак не е совршен, без разлика колку убаво изгледаат фотографиите Ниту еден брак не е совршен, без разлика колку убаво изгледаат фотографиите, кол...
„Мaж ми се опседна со спорт - ме запоставува и мене и децата, тоа ни го уништува бракот“ „Нервозна сум... Таткото на моите деца секогаш го избира вежбањето наместо нив. ...
Зошто не е воопшто лошо да се биде сингл? Вкусот на неограничената слобода. Не треба да се консултираш, преговараш или убе...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
Наш психолог за разводите во Македонија: „Мажите копнеат по ‘изумрен тип’ на жени, жените први бара... „ПАТРИЈАРХАЛНАТА жена која живее во функција на потребите на мажот е речиси мртв...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg