„Одлучив да се самозадоволувам секој ден, цела седмица – какви промени почувствував?“

„За научни цели мастурбирав една недела, а бев загрижена дали оваа практика може да ми го уништи сексуалниот живот со идниот партнер“ – открива една авторка од САД која објави опширен текст за тоа кои ефекти ги почувствувала откако решила да се самозадоволува.

masturbiram-sekoj-den-dali-kje-se-namali-jachinata-na-orgazmite-so-partnerot-01.jpg

Авторката Емили Капиело за веб порталот Popsugar пишува детален текст во кој појасни кои биле ефектите од нејзината одлука една недела секој ден да се самозадоволува во периодот додека нема партнер.

masturbiram-sekoj-den-dali-kje-se-namali-jachinata-na-orgazmite-so-partnerot-04.jpg

Таа во својот текст ги споделува информациите добиени од лекарот што го консултирала, но и открива како ова се одразило врз неа.

Прочитајте го нејзиниот текст во целост:

„Додека растев одев во католичко училиште. Се сеќавате на сцената од филмот Mean Girls кога тренерот Кар, наставникот по сексуална едукација им вели на девојките дека ако мислат на секс, ќе умрат? Ете, таков беше мојот свет додека растев.

Со текот на годините станав побунтовна отколку што би сакале моите родители и сексуалноста не ми беше непозната тема, па почнав да пробувам сексуални активности со некои симпатични (и несимпатични) момчиња.

Како и да е, уште во тинејџерскиот период сфатив дека мастурбацијата ќе ми биде главен извор на задоволство.

Отсекогаш сум сакала да се самозадоволувам – додека не сум во врска, зошто не би можела себеси да се направам среќна?

Мастурбирав една недела со цел подобро да ве информирам кои се придобивките.

Пред да почнам да го правам тоа, се консултирав со психијатарката Кејт Томас, со цел да се осигурам  дека нема да се преморам себеси.

'Луѓето имаат различни сексуални желби и апетити, па не може јасно да се постави граница за тоа што е многу. Ограничувањата што воопшто луѓето и здравствените работници ги поставуваат во главно зависат од нивните ставови.

Всушност тоа се општествени позиции засновани врз општествени вредности и не се потпираат на наука и истражување' – вели таа.

Според неа, мастурбацијата кај жените има голем број позитивни страни. Прво, затоа што е безбедна, може да им помогне на жените што немаат партнер, може да им помогне на жените да ја запознаат сопствената сексуалност.

‘Ве задоволува и ве опушта. Може да ви помогне да научите нешто повеќе за сопственото тело и за неговата реакција’ – ми кажа докторката.

По ова ја прашав што ќе се случи ако премногу ми се допадне оваа практика, па во иднина продолжам да ја применувам.

Дали ќе се намали јачината на оргазмите следниот пат кога ќе имам секс со партнер?

Според докторката, во основа, „мастурбацијата може да ни помогне да го запознаеме сопственото тело и да откриеме што е она што ни се допаѓа кога имаме секс со партнер. На тој начин ќе можеме да му покажеме во иднина што е она што ни се допаѓа“.

Таа смета дека мастурбацијата нема негативни последици, иако се промовира поинаку.

masturbiram-sekoj-den-dali-kje-se-namali-jachinata-na-orgazmite-so-partnerot-03.jpg

За време на таа недела се обидував да го менувам времето кога мастурбирам врз основа на моето расположение и да видам дали ќе се чувствувам поинаку.

Да бидам искрена постојано мислев на поранешниот партнер додека се обидував да се возбудам, што ми помогна во процесот, но тоа на крајот почна да ми станува проблем.

Затоа што не сакав да направам грешка, се обидов да се фокусирам на она што физички го чувствувам, а да заборавам на емоциите и на менталната слика. Се обидов и со различни играчки, но и само со помош на прстите.

По една недела самозадоволување сфатив дека целосно ефектите беа минимални, но беа повпечатливи кога тоа го правам наутро, отколку навечер.

По малата „акција“ наутро бев пофокусирана во текот на денот, па успевав да завршам една или две задачи повеќе од вообичаеното. Друг ефект беше и тоа што почнав да правам подобар избор кога е во прашање моето тело.

За опуштање, наместо да земам чаша вино почнав да вежбам и се хранев поумерено.

Самозадоволувањето ме направи да се чувствувам посекси, но мислам дека чувството е надополнето и од неодамнешното губење килограми.

Сепак, во вечерните сесии не забележав никаква промена.

Не ми помогна да спијам подобро. Не се чувствував посмирено, ослободено од стрес и релаксирано... Ништо.

Помалку се разочарав затоа што во Католичкото училиште нѐ учеа дека треба да имаме секс само навечер, тивко и со изгаснати светла.

Планирам да продолжам да се самозадоволувам, затоа што,  без разлика на тоа што го чувствувам или не го чувствувам во мојот живот, барем на пет минути се чувствувам одлично, а сите ние заслужуваме да се чувствуваме така секој ден.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Гоца Тржан сака секс на јавно место, Ким Кардашијан – кучешка поза: Што им е омилено во сексот на по... Анџелина Џоли сака садо-мазо, а Ријана секси играчки и врзување... Што сакаат на...
21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
Што сакаат мажите постари од 40 години во сексот? (18+) Мажите над 40 години признаваат дека ги возбудува кога жената ќе облече нешто од...
„Порано пред секс го гасев светлото, но повеќе не се срамам од своето тело - како ми помогна сопруго... „Сликата за моето тело што ја имав во главата, влијаеше лошо на мојот сексуален ...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
„Жабa во скок“ - секс поза за врвно уживање (18+) Иако на почетокот може да ви изгледа неудобна, ќе се изненадите колку е лесна пе...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg