„Ах таа летна љубов... се запознавме во Истанбул, доживеавме магија, но стравот ја победи љубовта на крајот од патувањето“

ah-taa-letna-ljubov-se-zapoznavme-vo-istanbul-dozhiveavme-magija-no-stravot-ja-pobedi-ljubovta-na-krajot-od-patuvanjeto-01.jpg

Беше јули. Веќе еден месец се спремав за ова патување. Првото патување после пандемијата кога веќе можевме да живееме послободно. Бев толку возбудена! Но, ете неколку денови пред да заминам, патувањето беше откажано и така решив да одам на друго место.

Си купив билет за Истанбул, најдов едно евтино хотелче и заминав на две недели.

Ах, лето. Можеби најдоброто време од годината за патување и љубов. Кренете ја раката ако сте имале некоја летна љубов!

Се чини дека топлината, сонцето, водата, брановите, ноќите и долгите зајдисонца те канат да се заљубиш.

Летната љубов е синоним на минлива и кратка љубов, но таа љубов можеби е најсовршената од сите. Така беше и нашата. 

Се запознавме една вечер во тој магичен град. Не, не се запознавме случајно и филмски одејќи низ улиците, не се удривме и немав разлиено кафе во раката.

Но, беше од оние средби преку апликации за запознавање што многумина ги користиме, но никогаш немаме преголеми очекувања од луѓето кои ќе ги сретнеме и секогаш имаме спремен изговор кој едвај чекаме да го кажеме и да си одиме.

Па, така и јас. Бев убедена дека ќе останам само за едно кафе, а потоа ќе продолжам да шетам сама (ќе му кажев дека ме чека другарка ми) и ќе го разгледувам и тој дел од градот.

Тие неколку минути станаа 2 часа, потоа 5 и така завршивме гледајќи ги ѕвездите како се кријат над морето, а сонцето полека се буди.

Се сретнавме пак и тоа продолжи секој ден додека бев таму. Пиевме кафе, пиво, јадевме вкусна храна, се смеевме, ги запознав неговите пријатели, па дури ја носевме и неговата мачка на ветеринар.

Да, многу работи се случија во тие 2 недели што изгледаше како да се познаваме многу долго.

Тогаш мислевме дека ништо не може против нас. Различни култури, држави, религии, начин на живот, но верувавме дека сме непобедливи. Совршена и идеална двојка која, како и во секој филм на Дизни, ќе биде среќна до крајот на животот. 

Сè уште го чувствувам тој длабок поглед, таа совршена насмевка, тие слатки бакнежи. Сепак, она што започна како заедничко патување до ѕвездите, заврши со „ти си од Јупитер, а јас од Сатурн“ - двајца кои иако го сакаат бесконечното, не можат да живеат заедно. 

ah-taa-letna-ljubov-se-zapoznavme-vo-istanbul-dozhiveavme-magija-no-stravot-ja-pobedi-ljubovta-na-krajot-od-patuvanjeto-03.jpg

Кога си заминав, останавме во контакт и имавме толку многу планови. Се сретнавме пак, но поради животните околности ништо не продолжи како што сакавме.

Така, еден зимски ден, во целата приказна се заплеткаа тие две состојки кои се толку различни, а толку поврзани. Љубовта и стравот. Едни од најглавните состојки на животот. Тоа се состојки кои менуваат сè. Меѓутоа ако ги играме и двете, веќе знаеме која ќе победи.

Велат дека љубовта го победува стравот, но нас нè победи стравот. 

Се плашевме да се навикнеме еден на друг, ама тоа се случи.

Се плашевме од далечината и дека залудно си го губиме времето.

Се плашевме да бидеме искрени дека си недостигаме.

Се плашевме да ги отвориме срцата, а сега завршија скршени. 

Не знам дали да го обвинувам летото и да се согласам со песната „Криво је море“ од Дивље Јагоде или да прифатам дека сме виновни ние што не се боревме доволно.

Вистина е дека тој град и тоа лето не ни го променија животот, но сигурна сум дека променија нешто во нас. Барем сега знам дека секогаш треба да се борам за љубовта.

Навистина треба.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

М. Г. | Црнобело / фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

Што сакаат мажите постари од 40 години во сексот? (18+) Мажите над 40 години признаваат дека ги возбудува кога жената ќе облече нешто од...
Упатство за жени: Како да сакате маж? Правило за помнење: Во некоја ситуација тој ќе се однесува несоодветно, ќе биде ...
„Вљубена сум во шефот - како да го натерам да ги остави сопругата и децата и да биде со мене?“ „Знам дека е глупаво да започнеш врска со оженет маж, но тој вели дека сака да ј...
Прашувам за пријател: Мојот нов дечко не знае дека имам дете – како да му кажам, а да не ме остави? „Проблемот е во тоа веќе двапати бевме на состанок, а јас не сум му кажала дека ...
„Порано пред секс го гасев светлото, но повеќе не се срамам од своето тело - како ми помогна сопруго... „Сликата за моето тело што ја имав во главата, влијаеше лошо на мојот сексуален ...
Прашувам за пријател: „Мојот сопруг сака секс неколкупати на ден, а јас не - како да го одбијам?“ „Работата од дома беше кошмар, бидејќи тој беше во соседната соба, па ќе влезеше...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg