„Бев млада и себична“: Луѓе откриваат зошто спиеле со личности кои биле во врска или брак

„Бев млад и невин. Таа беше прекрасна. Ми кажа дека била во лоша врска, а мене толку ми требаше“.

bev-mlada-i-sebichna-lugje-otkrivaat-zoshto-spiele-so-lichnosti-koi-bile-vo-vrska-ili-brak-01.jpg

Во една љубовна врска, неверството може да биде најтрауматичното искуство. Со овој чин партнерот што изневерил ја руши довербата и во повеќето случаи неверството значи и крај на врската.

Иако често се зборува за оваа тема, обично сите се фокусираат на повредениот и неверниот партнер, а скоро никој на „третата личност“.

А, сигурно ве интересира што мислат овие луѓе кога ја носат одлуката да спијат со личност за којашто се свесни дека е во врска или брак.

На Редит, неколку корисници го споделуваат токму тоа. Односно, откриваат зошто спиеле со личност која е во врска или брак.

Дел од одговорите во продолжение:

„Девојката ми кажа дека е во отворена врска, спиевме заедно, а потоа му кажа на нејзиното момче. Но, заборавила да спомне дека таа се согласи да имаме секс. Па, следниот ден добив повик од нејзиното момче кое ми се закануваше дека ќе ме истепа бидејќи сум ја присилил девојка му да спие со мене.

Бидејќи ги чував пораките што си ги пишував со неа, му ги испратив како доказ дека таа ми кажа дека е во отворена врска, но и дека самата сакаше да имаме секс. На крај момчето ја остави и ми се извини“.

„Бев млад и поради целата ситуација се чувствував привлечно и посакувано. Беше глупаво“.

bev-mlada-i-sebichna-lugje-otkrivaat-zoshto-spiele-so-lichnosti-koi-bile-vo-vrska-ili-brak-02.jpg

„Бидејќи ја сакав, а таа секогаш ми велеше дека дечко ѝ е кретен. Потоа ме остави за да се врати кај него“.

„Бев млад и невин. Таа беше прекрасна. Ми кажа дека била во лоша врска, а мене толку ми требаше“.

bev-mlada-i-sebichna-lugje-otkrivaat-zoshto-spiele-so-lichnosti-koi-bile-vo-vrska-ili-brak-04.jpg

„Бидејќи се убедив дека сум подобар за неа и дека заслужува да биде со некој како мене, наместо како тогашниот дечко“.

„Бидејќи ми беше скршено срцето и за да се справам со тоа, направив грешка. Сега сум среќна што тој период од животот е зад мене и никогаш нема да повторам нешто такво. Никогаш“.

„Со години се обидуваше да ме освои, но секојпат ја одбивав. Кратко по смртта на татко ми, помислив дека е глупаво да ја одбивам бидејќи еден ден и јас ќе бидам мртов. Па, следниот пат кога се видовме не ја одбив.

Нејзиното момче беше кретен и се однесуваше лошо со мене со години. Не се чувствувам виновен“.

bev-mlada-i-sebichna-lugje-otkrivaat-zoshto-spiele-so-lichnosti-koi-bile-vo-vrska-ili-brak-03.jpg

„Еден маж ми должеше многу пари и не сакаше да ми плати. Со неговата сопруга беа разделени, па си помислив дека ќе го повредам ако спијам со неа. Па, се видовме неколкупати и штетата беше направена. Бев навистина лоша личност, но оттогаш созреав многу“.

„Почнавме да се бакнуваме во ноќен клуб. Кога тргнавме накај мојот дом, ми спомна дека имала момче. Но, тогаш воопшто не ми беше гајле. Секако веќе го имаше изневерено“.

bev-mlada-i-sebichna-lugje-otkrivaat-zoshto-spiele-so-lichnosti-koi-bile-vo-vrska-ili-brak-05.jpg

„Вљубени сме еден во друг над 20 години. Тој за малку ќе го изгубеше животот лани и одлучивме дека мора да бидеме заедно пред навистина да умре. Има 80 години и е во брак, но со сопругата живеат одвоено. И јас (43) сум одвоена од сопругот“.

„Бев млада, себична и со ниска самодоверба. Тој имаше девојка со која имаше спиено само еднаш. Подоцна се венчаа, а таа уште не знае за нас.

Очигледно, сега кога сум постара, се чувствувам навистина лошо. Искрено се надевам дека се среќни заедно“.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Што сакаат мажите постари од 40 години во сексот? (18+) Мажите над 40 години признаваат дека ги возбудува кога жената ќе облече нешто од...
Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
Гоца Тржан сака секс на јавно место, Ким Кардашијан – кучешка поза: Што им е омилено во сексот на по... Анџелина Џоли сака садо-мазо, а Ријана секси играчки и врзување... Што сакаат на...
Можна ли е врска на далечина + како да ја зачувате близината со партнерот? Поставете правила и редовно слушајте се преку видео повици - врската на далечина...
„Вљубена сум во шефот - како да го натерам да ги остави сопругата и децата и да биде со мене?“ „Знам дека е глупаво да започнеш врска со оженет маж, но тој вели дека сака да ј...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg