Вратете ја страста во кревет

vratete-ja-strasta-vo-krevet-povekjeОткако ќе потрае врската, не е ништо невообичаено ако партнерот или партнерката предложат нешто ново што би можеле да го испробате во кревет.


Не е необично, но многумина тоа ќе ги вознемири и ќе се запрашаат „од каде па сега ова?!“.

vratete-ja-strasta-vo-krevet

Ќе се уплашат. Се прашуваат дали и станале досадни и непривлечни на саканата личност, па сега таа се обидува некако да го освежи сексуалниот живот и да ја врати страста која полека се намалува. До пред извесно време сè беше во ред, дали повеќе не се доволно добри во кревет? Дали ќе ги остави партнерот и ќе побара некој друг, подобар?

Новото, па и веќе самиот предлог за ново можат да вознемират, но во вакви случаи нема причина за страв. Предлогот од саканата личност не треба да се дочека со одбивност, гадење или слична реакција.

Тоа што тој, или таа таа предлагаат нешто ново не значи дека не уживаат со вас ниту пак дека им е досадно, туку само активно изнаоѓаат начини да ви пружат уште повеќе уживања и задоволства. Покрај тоа, треба да се цени тоа што саканата личност ве чувствува доволно блиски за да ви предложи нешто ново во интимното уживање, затоа што потребна е доверба за да се предложи нешто посмело.

Дали тоа што саканата личност предлага новини во креветот значи дека ќе побара задоволство на страна? Не. Ако има таков план, не би ги предлагала, туку би ги испробала со некој друг. Тоа што вам ви ги предлага значи дека сака тоа да го прави со вас, а не со некој друг.

Дали имате обврска да го прифатите тоа што ви го предлага партнерот? Не, ако идејата ви е одбивна, но бидете нежни при одбивањето и уверете ја саканата личност дека не го одбивате него туку конкретната идеја не ви се допаѓа.

И не би било лошо самите да предложите нешто што би сакале да пробате – така на саканата личност и покажувате дека не одбивате нови идеи, туку само конкретниот предлог не ви се допаднал.

Затоа, без страв и уживајте!

Би можело да ве интересира:

„Понекогаш партнерот не успева да доживее оргазам - дали проблемот е во мене?“ „Гледајќи во лицето на мојот партнер забележав капка пот како се тркала по негов...
„Мечкина прегратка“ - Хит поза за водење љубов за паровите кои сакаат врвна интимност и страст Доколку сакате блискост и интимност при водењето љубов, тогаш ќе ви се допадне п...
Психотерапевт вели: „Сега луѓето се разведуваат поради прашина, за работи на кои мајка ти или дедо м... „Сега луѓето се разведуваат поради прашина (односно за глупави и банални работи)...
11 (изненадувачки) причини зошто некои жени избираат развод, наместо да останат во брак Жените ги иритира кога сопругот „заборава“ или намерно прави нешта лошо за да из...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...
15 тајни на брачните парови кои ретко се караат (применете ги веднаш) Не чекајте да настане проблем за да зборувате. Доволни се неколку искрени речени...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg