Лоша долна облека

losa-dolna-obleka-povekjeКога се подготвуваат да излезат со маж кој неодамна го запознале, жените имаат обичај да обрнат внимание на секоја ситница, на секој и најмал детал...


...– секое парче облека, фризура , шминка, парфем, кое млеко за тело ќе го нанесат... тука спаѓа и внимателен избор на долна облека за која се трудат таа да биде што попривлечна, попредизвикувачка, мека на допир – долна облека која на жената и се чини нај заводлива.

Не е мал бројот жените кои сметаат дека е многу важно каква ќе биде долната облека што ќе ја носат во таква прилика.losa-dolna-obleka

Не дека тие доаѓаат на состанок со цврста намера да легнат со тој маж, туку се работи за чувството на сигурност кое што секси долната облека им го влева во сопствениот сексапил, а и во случај да се создаде шанса тој да се покаже...

Е сега, има ситуации кога жената не очекува дека било кој ќе ја види нејзината долна облека. Повеќето жени немаат само секси долна облека, повеќето од долната облека е сосема обична, удобна, ниту малку атрактивна.

Жените во принцип носат секси долна облека кога им се чини дека постои можност истата да ја покажат, понекогаш кога се расположени за таква облека, но најголем дел од времето носат нешто сосема удобно и обично.

Но, што ако баш тогаш се случи да „ја покажат долната облека“? Жената ќе се почувствува многу непријатно, затоа што, да речеме на себе го има најлошиот примерок на долна облека. Таа ќе се збуни и нема да биде сигурна како да постапи.

Драги дами, ако нешто такво ви се случи и тоа направи да се почувствувате непријатно, можете да го искористите како одлична можност да покажете дека и вие имате слабости, дека не сте 24 часа фатална заводничка, дека сте сосема нормално човечко суштество.

Кога вашата најнеомилена долна облека се појави пред неговите очи, слатко насмејте се и речете, очигледно е дека не сте очекувале романтична вечер.

Уште подобар совет, доколку сте во состојба да го примените, едноставно немојте да се грижите околу тоа. Освен ако мажот со кого сте не му е фетиш долната облека, тој нема ниту да забележи каква долна облека носите – едвај ќе чека да ја соблече.

Затоа, без грижа, опуштете се и уживајте.

Би можело да ве интересира:

„Мојот љубовник вели дека уште не може да ја остави жена му и детето за мене, дали е искрен?“ Советот од психологот на магазинот „Guardian“ за оваа млада жена гласи: „Тој нај...
„Си фатив 15 години помлад дечко - очекував експлозија од возбуда, но чинот ме разочара“ „Тој се бореше да ја одржи ерекцијата, а јас се чувствував засрамено, прашувајќи...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
„Ја сретнав девојката од моите соништа, но издржувам само 30 секунди водење љубов со неа - што да на... Темата за предвремена ејакулација не е многу дискутирана меѓу мажите и нивните д...
„Избегнував да бидам интимен со мојата сопруга со години и тоа ни го уништи бракот“ „Нашиот брак главно беше среќен, но отсекогаш сум имал проблеми со интимноста. Ј...
Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg