Знаци кои покажуваат дека партнерот најверојатно ќе ве изневери, според корисници на Редит

znaci-koi-pokazhuvaat-deka-partnerot-najverojatno-kje-ve-izneveri-spored-korisnici-na-redit-05.jpg

„Неверството почнува со лажење. Сосема во ред е партнерот да има приватни разговори и да се среќава со други луѓе или да си доаѓа дома доцна навечер.

Но, ако ме лаже за она што се случило или едноставно крие некои работи од мене, тоа е веќе неверство“.

„Искрено, сметам дека важна е и намерата. Ако мојот партнер пробува да освои некој друг, тоа е неверство, без разлика дали само си пишуваат пораки или спијат заедно.

Но, ако на пример мојот партнер бил на забава и некоја пијана личност пробала да го бакне против негова волја, тогаш тоа не е неверство“.

znaci-koi-pokazhuvaat-deka-partnerot-najverojatno-kje-ve-izneveri-spored-korisnici-na-redit-06.jpg

„Во ред е да се побара поддршка од друга личност, но ако партнерот повеќе не споделува ништо во вас, врската е осудена на пропаст. Неверството не е само бакнување или спиење со некој друг“.

„Емоционалното неверство е предвесник за физичко неверство. Сопругата со која бев во брак десет години ме изневери и спиеше со личност која ја познаваше само две недели“.

„Личност која не поставува граници во односот со другите за да си ја заштити врската, сака да изневери“.

znaci-koi-pokazhuvaat-deka-partnerot-najverojatno-kje-ve-izneveri-spored-korisnici-na-redit-03.jpg

„Неверството почнува од мигот кога вашиот партнер ќе почне да се прашува дали со некоја друга личност ќе му биде подобро“.

„Ако правите нешто што не сакате партнерот да ви го направи вам, тогаш тоа е неверство“.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

7 знаци дека имате одличен сексуален живот со партнерот (број 6 е клучен) Сметате дека вашата предигра е подобра од нечиј сексуален чин, постојано комбини...
9 знаци дека партнерот ви е лојален (и може да му верувате) Што е тоа што лојалниот партнер го прави поинаку од другите? Како да препознаете...
4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
Помалку очигледни знаци дека ја привлекувате личноста што ви се допаѓа Често трепка кога зборува со вас и ги крева веѓите кога ќе ве здогледа – неретко...
Знаци дека партнерот не ужива во сексот со вас (и што да направите околу тоа) Ако кај партнерите не постои спонтано допирање кое претходно постоело или прегра...
Што сакаат мажите постари од 40 години во сексот? (18+) Мажите над 40 години признаваат дека ги возбудува кога жената ќе облече нешто од...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg