Знаци кои покажуваат дека партнерот најверојатно ќе ве изневери, според корисници на Редит

„Знаев дека бившата девојка ќе ме изневери кога ми рече дека ќе оди на одмор со машки пријател, и покрај тоа што ѝ реков дека не ми се допаѓа целата ситуација“.

znaci-koi-pokazhuvaat-deka-partnerot-najverojatno-kje-ve-izneveri-spored-korisnici-na-redit-01.jpg

Обично мислиме дека неверство е ако нашиот партнер бакне некоја друга личност или спие со неа. Но, неверството може да биде и емоционално.

Ако вашиот партнер е поблизок со некоја друга личност отколку со вас, ако ѝ се доверува на друга личност а вам не ви кажува ништо и слично, тогаш станува збор за емоционално неверство.

Всушност, многумина сметаат дека емоционалното неверство неретко е и знак дека кога-тогаш партнерот ќе направи нешто повеќе со другата личност.

Неверството, без разлика дали физичко или емоционално, ја уништува довербата во врската и нормално е што повеќето луѓе не можат да го простат. А, пред да се случи самото неверство, постојат многу знаци што го навестуваат.

За Редит, неколку корисници споделуваат кои се овие знаци според нивното искуство.

Секако, не значи дека партнерот сигурно ве изневерува ако ги забележите овие знаци, но ако сте несигурни, добро би било да поразговарате за тоа.

Дел од искуствата на Редит корисниците:

„Искрадувањето. Во мигот штом партнерот ќе почне да планира да прави нешто зад мојот грб, тогаш ја уништува довербата во врската“.

„Ако не сакате да му кажете на партнерот за средба со некоја личност, тогаш време е да размислите што навистина првите“.

znaci-koi-pokazhuvaat-deka-partnerot-najverojatno-kje-ve-izneveri-spored-korisnici-na-redit-04.jpg

„Кога ја криете природата на некое ’пријателство‘ од партнерот бидејќи станува малку повеќе од пријателство, а вие не преземате ништо да го спречите тоа, тогаш веќе криете афера“.

„Мене ми стана јасно кога девојката ми рече: ’Одам на одмор на неколку денови со машки пријател. Ќе отседнуваме во истата соба, но ќе спиеме во различни кревети‘. Ѝ реков дека не ми се допаѓа ситуацијата, а но таа сепак замина“.

znaci-koi-pokazhuvaat-deka-partnerot-najverojatno-kje-ve-izneveri-spored-korisnici-na-redit-02.jpg

„Сметам дека и емоционалните афери се неверство, но ова може да биде тешко да се дефинира, бидејќи сакам мојот партнер да има добри пријателства. Само, не сакам пријателите да ме заменат или да бидат поблиски со него отколку мене“.

„Бев емоционално изневерена од бившото момче, па многу добро знам како е. Најпрво сакав да го поддржам што има најдобра пријателка. И јас имам многу машки пријатели и тоа е сосема во ред.

Но, кога почна да прави многу забавни работи само со неа, без мене, бев повредена. Одеа на лизгање и што уште не – додека бевме заедно, тој никогаш не ме однел на лизгање“.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

7 знаци дека имате одличен сексуален живот со партнерот (број 6 е клучен) Сметате дека вашата предигра е подобра од нечиј сексуален чин, постојано комбини...
9 знаци дека партнерот ви е лојален (и може да му верувате) Што е тоа што лојалниот партнер го прави поинаку од другите? Како да препознаете...
Помалку очигледни знаци дека ја привлекувате личноста што ви се допаѓа Често трепка кога зборува со вас и ги крева веѓите кога ќе ве здогледа – неретко...
„Правев сѐ за да ги освојам мажите што ми се допаѓаат – случајно открив каде грешам“ „Се гледав со едно момче повремено 1 година и секојпат кога тој ќе дојдеше во мо...
Знаци дека партнерот не ужива во сексот со вас (и што да направите околу тоа) Ако кај партнерите не постои спонтано допирање кое претходно постоело или прегра...
Што сакаат мажите постари од 40 години во сексот? (18+) Мажите над 40 години признаваат дека ги возбудува кога жената ќе облече нешто од...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg