Постојат 3 видови оргазам кај жените - како се разликуваат и можете ли да ги постигнете сите? (18+)

Истражување покажало дека во зависност од начинот на којшто се стегаат и опуштаат карличните мускули, жените можат да доживеат три вида оргазам - вулкан, лавина или бран. 

postojat-3-vidovi-orgazam-kaj-zhenite-kako-se-razlikuvaat-i-mozhete-li-da-gi-postignete-site-01.jpg

Според истражување од Универзитетот Чарлс во Прага, жените доживуваат три вида оргазам - бран, вулкан и лавина. 

Водечкиот истражувач на оваа студија, професорот Џејмс Фаус, сподели дека имињата се однесуваат на стегањето и опуштањето на карличните мускули пред и за време на оргазмот.

Во истражувањето учествувале 54 жени кои користеле вибратор поврзан со Bluetooth, со чија помош се детектира стегањето и опуштањето на карличните мускули.

Истражувачите откриле дека „бран“ оргазмите се најчести, при што 26 од 54 жени го доживеале овој тип, додека 17 имале „лавина“ и 11 имале „вулкан“ оргазам.

Бран: Најчестиот вид оргазам што го доживуваат жените. Ова е оргазам карактеризиран со кратко, наизменично стегање и опуштање на карличните мускули, односно со „бранови“ на стегање и опуштање.

Вулкан: Во овој случај најпрво има стегање, или тензија на карличните мускули, која за време на оргазмот „експлодира“ (како вулкан) во брзо, наизменично стегање и опуштање на мускулите.

Лавина: Во овој случај се јавува тензија, или стегање на мускулите во карлицата со поголем интензитет, кои почнуваат да се опуштат додека трае оргазмот. За разлика од останатите типови, овде нема наизменично стегање и опуштање. 

postojat-3-vidovi-orgazam-kaj-zhenite-kako-se-razlikuvaat-i-mozhete-li-da-gi-postignete-site-02.jpg

Кој оргазам е најдобар и можете ли да ги постигнете сите три?

Мускулите во долниот дел од карлицата се клучни за секој од трите оргазми.

Во оваа област наоѓаат неколку мускули и лигаменти кои ги држат карличните органи. Овие мускули имаат и главна улога во сексуалното задоволство и оргазмите.

Пред да доживеете оргазам, овие мускули се стегаат, а кога почнува оргазмот се опуштаат.

Важно е да знаете дека нема најдобар тип на оргазам и секој од трите типа може да има различен интензитет, и тоа во зависност од јачината на вашите карлични мускули. 

Бран: Ова е најчестиот оргазам кај жените и обично не треба да имате многу силни карлични мускули да го искусите. Всушност, ако не сте многу физички активни, најверојатно имате вакви оргазми.

Лавина: За овој оргазам потребни се посилни карлични мускули. Што значи, ако вежбате, но и ако сте под многу стрес кој создава тензија во оваа област, поголема е веројатноста да доживеете ваков оргазам.

Вулкан: За овој оргазам потребни се уште посилни карлични мускули, бидејќи нема наизменично стегање и опуштање на мускулите како во останатите два типа. Наместо тоа, мускулите се стегнати подолг период, па само се опуштаат додека трае оргазмот.

postojat-3-vidovi-orgazam-kaj-zhenite-kako-se-razlikuvaat-i-mozhete-li-da-gi-postignete-site-03.jpg

Експертите советуваат да не се фокусирате на типовите оргазам, туку на јачината на карличните мускули бидејќи тие го диктираат интензитетот.

Доволно е да ги правите таканаречените Кегелови вежби за да почнете да чувствувате поголемо сексуално задоволство.

M. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...
Наш психолог за разводите во Македонија: „Мажите копнеат по ‘изумрен тип’ на жени, жените први бара... „ПАТРИЈАРХАЛНАТА жена која живее во функција на потребите на мажот е речиси мртв...
„Понекогаш партнерот не успева да доживее оргазам - дали проблемот е во мене?“ „Гледајќи во лицето на мојот партнер забележав капка пот како се тркала по негов...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg