„Сексот не е важна работа во врската, но станува кога еден од партнерите не го добива доволно“ (18+)

„Важен е затоа што мајка ми велеше убаво дека ако сексот е добар – сочинува 20% од врската, но ако е лош тогаш сочинува 80% од врската.“

seksot-ne-e-vazhna-rabota-vo-vrskata-no-stanuva-koga-eden-od-partnerite-ne-go-dobiva-dovolno-01.jpg

Какви се вашите гледишта кога станува збор за сексот во врската? Колку сметате дека е пресуден за добро функционирање?

Мажи на Редит откриваат колку за нив сексот е важна работа во врската:

„За мене сексот не е толку важен, колку што е важно чувството дека си посакуван. Не мора да имаме пречесто секс, сè додека знам дека за партнерката сум единствениот кој го гледа на тој начин.“

„Еден мудар човек еднаш рекол – сексот е како тоалетот во куќата, не си поради него таму, но ако исчезне настанува проблем.“

seksot-ne-e-vazhna-rabota-vo-vrskata-no-stanuva-koga-eden-od-partnerite-ne-go-dobiva-dovolno-02.jpg

„Не ми е грижа колку често имам секс, порано мислев дека ми е, но всушност ми била потребна интимност и човечки контакт, а тоа може да биде и само милување и прегратки.“

„За мене многу други работи се поважни од сексот и тоа компатибилност, добрина, споделени интереси, поддршка и љубов.“

„Многу ми е важен, обожавам секс и тоа прави да се чувствувам близок со партнерката.“

seksot-ne-e-vazhna-rabota-vo-vrskata-no-stanuva-koga-eden-od-partnerite-ne-go-dobiva-dovolno-03.jpg

„Важен е затоа што мајка ми велеше убаво дека ако сексот е добар – сочинува 20% од врската, но ако е лош тогаш сочинува 80% од врската.“

„Сексот не треба да зафаќа централно место, но не треба ни никогаш да молам за него.“

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
„Со партнерот 30 дена водевме љубов двапати дневно - Што се случи со нашиот однос?“ „Започнавме со играта „странци во бар“. Се преправавме дека не се познаваме, а з...
„Јас сум во среќна врска, но ми недостига возбудата на состанувањето“ „Завиткана на каучот со партнерот до мене, ја подавав раката кон далечинскиот уп...

Најчитани неделава