Зошто многу мажи ги споредуваат своите партнерки со своите мајки и зошто тоа е погрешно?

Многу мажи своите љубовни партнерки ги споредуваат со своите мајки. Па, зошто се случува ова и дали е нормално? И зошто споредувањето на партнерката со мајката, како и со кој било друг, не само што не е добро, туку е и деструктивно?

zoshto-mnogu-mazhi-gi-sporeduvaat-svoite-partnerki-so-svoite-majki-i-zoshto-toa-e-pogreshno-01.jpg

Во новиот документарен филм за Хари и Меган принцот за сопругата вели: „Ја обожавам оваа девојка, оваа жена, таа е прекрасна. Таа е сè што барав во животот“.

Но, кога сака да ѝ упати најголеми комплименти тој го покажува восхитот кон неа споредувајќи ја со неговата мајка.

Тој вели дека Меган е многу слична на неговата мајка, ја има истата емпатија, истата самодоверба и истата топлина како неа.

И Хари не е единствениот!

zoshto-mnogu-mazhi-gi-sporeduvaat-svoite-partnerki-so-svoite-majki-i-zoshto-toa-e-pogreshno-04.jpg

Многу мажи своите љубовни партнерки ги споредуваат со своите мајки. Па, зошто се случува ова и дали е нормално?

Многу жени се чудат како да реагираат кога нивните сопрузи ги споредуваат со своите мајки, дали тоа е добра или лоша работа?

Сајтот за состанување „eHarmony“ спроведе свое истражување и навистина дојде до некои заклучоци дека мажите во жените бараат квалитети, какви што има нивната мајка.

Психотерапевтот Кeролин Плaмер од Лондон ги објаснува резултатите:

„Нашата врска со родителите, односно со луѓето кои нè растат и воспитуваат, ни е основна идеја за тоа како треба да изгледа една врска дури и кога сме возрасни.

За многу мажи првата длабока поврзаност со женска личност е со нивната мајка. Таа им е првиот пример кој го гледаат во животот за тоа како изгледа една сопруга/партнер.

Но, проблемот со споредување на партнерката со мајката е што може да направи воспоставување на нездрава динамика во врската – односно партнерката да преземе поголем дел од обврските, додека мажот е некој кој треба да биде згрижен.

Споредувањето на партнерката со мајката, како и со кој било друг, не само што не е добро, туку е и деструктивно и штетно.

zoshto-mnogu-mazhi-gi-sporeduvaat-svoite-partnerki-so-svoite-majki-i-zoshto-toa-e-pogreshno-03.jpg

Кога сме деца, мајките огромен дел од своето време и енергија го посветуваат на нашите желби и емоции. Но, како возрасни личности треба сами да знаеме како да имаме свој идентитет, глас и сами да се бориме за нашите желби и да си ги задоволуваме потребите.

Да очекуваме некој друг да ни дава ваков тип на грижа, каков што некогаш ни давале родителите, не е здраво, ниту реално.

Врските на возрасните личности треба да бидат однос на две независни личности кои избираат да бидат заедно (а не дека имаат потреба од тоа) и одлучуваат да се поддржуваат и охрабруваат во своите споделени, но сепак одвоени животи.

Во мигот кога ќе го направите партнерот центар на вашиот свет, како родителите што ги прават децата, почнувате да се откажувате од делови од сопствениот идентитет за да му служите на него. Во нормална ситуација, ова не е нешто кое партнерот треба да го бара од вас.

zoshto-mnogu-mazhi-gi-sporeduvaat-svoite-partnerki-so-svoite-majki-i-zoshto-toa-e-pogreshno-02.jpg

Навистина не е во ред една љубовна врска да има динамика како однос родител-дете. Тоа прави еден од партнерите да чувствува дека треба да биде емоционално, но и физички, одговорен за другиот. Ова не е здрав однос и негативно ќе се одрази на интимната врска.

Кога мажот ќе се однесува како дете, а жената како мајка, а не како љубовен партнер, тогаш тешко дека тој ќе може да ве гледа во сексуално светло.

Нема ништо погрешно во тоа партнерот да ги бара во вас квалитетите од други личности на кои им се восхитува, како што се некои од неговата мајка, но изразувањето на тоа може да биде причина за непотребен натпревар помеѓу вас и неа, како и за крај на страста меѓу вас двајца и крај на здравата врска на двајца возрасни личности.“

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Дали жената треба да му каже на партнерот со колку мажи спиела?“ (18+) „Па, не е поп за да му се исповедам“, гласи еден од хит одговорите на Србинка на...
7 работи кои добрите мажи им ги кажуваат на своите сопруги Oмажи се за маж кој ги кажува овие работи: „Јас сум многу горд на тебе, знаев де...
Што сакаат мажите постари од 40 години во сексот? (18+) Мажите над 40 години признаваат дека ги возбудува кога жената ќе облече нешто од...
„Не сте привлечни бидејќи сте интелигентни“: Секс експерт е мета на критики за советите за сингл жен... „Најверојатно не сте толку примамливи затоа што сте премногу интелигентни, а нек...
„Правев сѐ за да ги освојам мажите што ми се допаѓаат – случајно открив каде грешам“ „Се гледав со едно момче повремено 1 година и секојпат кога тој ќе дојдеше во мо...
Искрени исповеди на мажи зошто ја оставиле жената што ја сакале „Нашиот сексуален живот згасна и љубовта испари. Сексот е важен во една врска, к...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg