7 работи кои таа ги мрази во сексот

7-raboti-koi-taa-gi-mrazi-vo-seksot-povekjeКога станува збор за водење љубов, жените имаат различни желби и очекувања. Иако сите ние сме различни, страсниот, емотивниот и возбудливиот...


...сексуален однос е сон на секоја жена. Но, постојат заблуди кои што можат да го расипат односот и да ја уништат страста.

Дознајте што мразат најмногу жените во кревет:

1. Мажи кои не се страсни

7-raboti-koi-taa-gi-mrazi-vo-seksot

Страста е движечка сила на сексот. Мажите кои што знаат што сакаат и кои што знаат да ги покажат своите чувства ќе ја поттикнат женската страст.

2. Да ги испрашуваат за оргазмот

Испитувањата за време на сексот можат да бидат многу напорни. Прашањата од типот „дали сврши?“ навистина е непотребно затоа што говорот на телото е помоќно оружје од зборовите.

3. По сексот мажот да си оди од креветот

Сексот не е само оргазам туку приказна што има свој почеток, средина и крај. Всушност овој крај на жените им е многу важен. Бегањето од креветот е нешто што жените навистина го мразат.

4. „Мртви пувала“

Мажот кој знае што прави им е многу секси на жените. Всушност поради тоа жените сакат мажот да ја преземе иницијативата и да ја покаже својата способност и сила. Мажот кој чека нешто да се случи може да делува досадно.

5. Убедување

Сексот е чин помеѓу двајца луѓе кои взаемно би требало да чувствуваат страст и желба за тој чин. Убедувањето и форсирањето може многу да иритира.

6. Мажи кои не испуштаат звук за време на сексот

Сексот е преполн со емоции кои би требало и да се покажат. Мажот кој што не испушта никакви звуци за време на водењето љубов не е нешто за што жените би сонувале. Стенкањето и воздишките можат да бидат многу секси затоа што е убаво да се знае дека и другата страна ужива во сексот.

7. Монотонија

Монотонијата во сексот може да ја уништи сексуалната желба, За да се одржи страста потребно е секој да ја употреби фантазија. Жените сакаат изненадувања, а сексот во када и во дневната соба, или пак нова поза можат да бидат многу интересни и поттикнувачки.

Би можело да ве интересира:

Наш психолог за разводите во Македонија: „Мажите копнеат по ‘изумрен тип’ на жени, жените први бара... „ПАТРИЈАРХАЛНАТА жена која живее во функција на потребите на мажот е речиси мртв...
„Таа имаше 3 пропаднати брака - со бизнисменот ѝ здодеа, со психијатарот не најде мир, но како најде... „Третиот брак ѝ беше со психијатар. Залудно сè, ако нема мир. Зошто да го плаќа ...
Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...
5 знаци дека не го привлекувате партнерот, според експерт за говор на телото Кога седите еден до друг, меѓу вас има повеќе простор од вообичаено и партнерот ...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...
Порака до моите бивши: „Ви благодарам што ме скршивте до точка од која сфатив - заслужувам подобро“ „Преживеав непочитување, ги игнорирав црвените знаци и се убедував себеси дека љ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg