Скопска афера со женет колега од работа ѝ ги наполни очите со солзи на мојата најдобра другарка

Веќе еден месец се обидувам да ја утешам мојата најдобра другарка поради „корпата“ од нејзин колега од работа. Познавајќи ја, претчувствував дека навидум невиното флертување, ќе прерасне во нешто поголемо. Така и испадна.

skopska-afera-so-zhenet-kolega-od-rabota-i-gi-napolni-ochite-so-solzi-na-mojata-najdobra-drugarka-01.jpg

Пред Нова година пиевме кафе и од околу ми се довери дека колега од работа ѝ се додворува, но дека таа тоа го разбира повеќе како флерт, кој секако ѝ годи.

Секако, не би била благо воздржана, ако на крај не испаднеше дека дечкото е повозрасен од неа (што искрено и не е некој голем проблем), но воедно е и женет.

Тука подзастанав. Си дозволив да се обидам да ја одвратам од идејата макар и на секунда да негува фантазии за него, затоа што знаеме како завршуваат тие слатки авантури. Слободната девојка пак останува слободна, но со скршено срце.

Така и се случи.

Флертот прерасна во отворено додворување, со комплименти, со покана за излегување.... за на крај другарка ми да „наседне“ на стапицата.

Спиеше со него и тоа не еднаш. Мојата наивна другарка се заљуби и почна да негува надежи дека после сите прекрасни мигови поминати со дотичниот фраер, тој ќе ја остави жена му и ќе биде со неа. Како да не...

Светот ѝ се сруши, кога за жал работите излегоа точно онака како што предвидов и постојано ѝ кажував.

Очекувано, сега веќе не добива комплименти додека се гледаат на работа, напротив - постојано ја избегнува.

Тој го добил тоа што го сакал. Излет надвор од креветот на жена му. Уште еден трофеј.

afera-so-zenet-kolega-od-rabota-i-gi-napolni-ochite-so-solzi-na mojata-najdobra-drugarka-02.jpg

А таа? Таа доби болка, разочарување, чувство на искористеност, поточно доби сè што заслужи. Што очекуваше? Среќен брак и деца со тип што ја изневерува жена си? Зошто би бил поинаков со друга жена?

За него мојата другарка беше инстант забава, билдање на егото.

За неа тој беше принц на бел коњ, на чиј шарм и внимание падна знаејќи дека тој си носи товар со него, дека има брак и дека за нив двајца нема иднина.

Можеа да завршат на флерт и сега со дигната глава ќе одеше на работа, без да се чувствува како искористена крпа. Како играчка за нечии сексуални фантазии.

Вината е обострана, но секогаш сум објективна и сметам дека моралот на еден човек е под голем знак прашалник, доколку тој човек свесно стане трето лице во еден брак.

На толку слободни мажи во Скопјево, се закачи за женет и сега ја плаќа цената за тоа.

Знам дека веќе се кае, но загази доволно длабоко за да мора да си ги лиже раните. Наивноста и неискуството си го направија своето.

Но и моралот.

За типот не се секирам, таквите секогаш наоѓаат начин да се извадат од проблемите.

А мојава наивна принцеза требаше порано да мисли дали вреди да си го ризикува работното место и мирот, за несериозна афера, која однапред беше осудена на пропаст.

Се надевам дека ова ќе ѝ биде животна лекција.

Можеби многумина ќе се обидат да ја оправдаат затоа што љубовта не бира, но дали е навистина така и дали заслужува правдање?!

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Кара | Црнобело / фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
„Таа имаше 3 пропаднати брака - со бизнисменот ѝ здодеа, со психијатарот не најде мир, но како најде... „Третиот брак ѝ беше со психијатар. Залудно сè, ако нема мир. Зошто да го плаќа ...
11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Животот во брак не е идеален, но без оглед на сè: „Се гледаме дома, љубов“ Животот со саканата личност не е онаков каков што многумина го замислуваат. Не с...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...
Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg