Женска љубомора

zenska-ljubomora-povekjeЖенската љубомора не е иста како машката. Додека мажите не смеат да си дозволат да бидат љубоморни на нејзините колеги, бивши момчиња...


...и пријатели, жените често си го земаат тоа право.

Кои опасности тие ги гледаат во бившите девојки, пријателки или згодни колешки од работа?

Постојано е присутна опасноста дека ќе бидат истиснати. Сеуште не е докажано зошто е тоа така, но жените навистина мислат дека кога мажот ќе ја здогледа својата бивша, веќе жали што повеќе не е со неа.

zenska-ljubomora

Навистина и мажите умеат да страдаат, но не онака како што мислат жените. Прво страдаат затоа што чувствуваат дека се предадени, потоа им проработува егото, а на крајот им недостасува секс.

Што да се каже, така стојат работите. А кога жените би го знаеле тоа, би знаеле и дека мажите се задоволни во врските во кои се наоѓаат во моментот, под услов да ја сакаат жената со која што се во врска.

Доколку сеуште не го направиле тоа, најдобро е мажите да ги сокријат сите нешта што можат да потсетуваат на бившата. Да ги тргнат албумите со сликите, да ги избришат нејзините фајлови и нејзиниот број од мобилниот.

Можеби ќе звучи лошо, но кога на улица ќе сретнат некоја од бившите, не треба да брзаат да ја поздрават, како едвај да чекале да се сретнат. А ако пак решат да се поздрават, најдобро би било да ја прегрнат сегашната девојка/жена и така на бившата да и стават до знаење што пропуштила.

Жените можат да зборуваат што сакаат, но ним не им се допаѓа што мажите имаат по некоја пријателка со која од време на време излегуваат на кафе и со која можат да зборуваат за сè и сешто.

Според жените, мажите би требало да имаат машки пријатели, но не и пријателки. Тука треба да се направи малку ред. Пријателската врска помеѓу маж и жена е можна, но секогаш е на граница да се претвори во нешто друго. Тие работи мажите треба да ги разјаснат на време за да не ги чини скапо.

Би можело да ве интересира:

Психотерапевт вели: „Сега луѓето се разведуваат поради прашина, за работи на кои мајка ти или дедо м... „Сега луѓето се разведуваат поради прашина (односно за глупави и банални работи)...
„Мaж ми се опседна со спорт - ме запоставува и мене и децата, тоа ни го уништува бракот“ „Нервозна сум... Таткото на моите деца секогаш го избира вежбањето наместо нив. ...
„Мечкина прегратка“ - Хит поза за водење љубов за паровите кои сакаат врвна интимност и страст Доколку сакате блискост и интимност при водењето љубов, тогаш ќе ви се допадне п...
Ноќта што промени сè: „Маж ми и јас се скаравме. Тргнав на породување, му ѕвонев 30 пати, не креваше... Беше тивка вечер, речиси обична. Ништо не навестуваше дека токму таа ноќ засеког...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
„Тим билдинг е еднакво на разврат - оженети мажи и омажени жени со афери по хотели“ „Тим билдинг е еднакво на разврат. Женети мажи и мажени жени се развлекуваат по ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg