Косата измиена со лимон помалку се мрси

kosata-izmiena-so-limon-pomalku-se-mrsi-povekjeПлакнењето на косата со природни состојки прави чуда за квалитетот на косата. Тоа, како што велат фризерите, важи за сите видови на коса, од...


...мрсна, исклучително сува, темна, светла и чувствителна коса.

За сјај на косата најдобро е да користите пиво, а третманот е доволно да го примените еднаш во месецот.

Еве со што сè можете да ја миете косата:

kosata-izmiena-so-limon-pomalku-se-mrsi

Пиво
Кога ќе ја измиете косата, добро истријте ја, исплакнете ја со пиво, тоа на косата ќе и даде сјај и волумен поради витамините и шеќерот.

Лимон
Плакнењето на косата со лимонов сок е добро за осветлување на косата, но има уште една намена – помага доколку имате мрсен корен. Исцедете лимон, сокот измешајте го со половина филџан топла вода, растворот нанесете го на коренот и оставете да делува пет минути. Исплакнете со млака вода.

Бреза
Исклучително е лековито плакнењето на косата со чај од лист од бреза. По третманот влакното станува сјајно и свиленкасто.

Коприва
Чајот од коприва може да го ублажи појавувањето на првут, а разблажениот оцет од коприва помага косата да не паѓа. За да добиете идеален раствор, три четвртини од тегла наполнете со лист од коприва. Додајте кора од 300 грама јаболко. Оставете ја смесата на топло место пет недели. Два пати неделно измешајте ја смесата. Со сокот исплакнете ја косата.

Липа
Цветот од липа е лек за коса расцветана од фенирање или бојадисување. Во филџан жешка вода ставете лажиче цветови од липа, изладете ја смесата и исплакнете ја косата со неа.

Би можело да ве интересира:

5 бои кои ќе доминираат во 2026-та (и 5 кои ќе ги гледаме поретко на модната сцена) Топлите кафеави нијанси ја заменуваат студената сива, додека пастелната розова е...
Александар Тарабунов - впечатлив, дамите во корсети и класични модели: Што облекоа гостите на Моден ... Сања Савеска и Марјана Станојковска се решија за класика - црни фустани, Агнеса ...
Антониа во фустан пајажина, Кире Лазаров и Игор Џамбазов кежуал - Што облекоа гостите на 18-тиот род... Од Игор Џамбазов, Слаткар, Јован Јованов, до Светлана Црнокрак, Ивона Јо, Антони...
Гвинет Палтроу без гаќи, Ен Хетавеј гламурозна - Најлошо и најдобро облечените ѕвезди на Оскари 2026 Гламур, стил, но и модни промашувања на црвениот тепих на најважната филмска ноќ...
Урбани дами, кул девојки: Уличната мода во Скопје во лето 2025, низ папарацо фотки на Инстаграм проф... Од дами облечени во тон со својот цветен велосипед до млади и урбани девојки со ...
Ангела од Охрид е трудница со впечатлив летен моден стил: „Сакам да го истакнам стомакот, горда сум ... „Секој има личен избор да одлучи што да прави со своето тело. Мразам да слушам д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg