Ревијата на Ивана Кнез беше вистинско уживање: Доминираа секси и храбри креации (фото)
Модната дизајнерка Ивана Кнез на Скопскиот Моден Фестивал вчера (03.04.2024) го прослави својот 15-годишен јубилеј на посветена работа. Нејзината ревија „Да живее драмата“ (Viva La Drama) прикажа светско модно шоу со врвни креации.

Секси, храбри, нежни, а истовремено доминантни модели ја освоија сцената.

Кнез е препознатлива по своите креации наменети за храбри жени, кои не се вклопуваат во туѓи критериуми. Уште еднаш докажа дека е прекрасно да знаеш како да се издвоиш од толпата.


Корсети, уникатни чанти - дизајнерката идеално ги вклопила сите детали.


Гостите уживаа во целото шоу кое го заокружи настапот на Бојана Скендеровски.










Е. П. | Црнобело / фото: ProCam
