Славни дами кои ископираа аутфити на ѕвезди кои пред повеќе од 10 години ги носеле истите
Кога во 2022 година Ким Кардашијан се појави на Мет гала во фустан што далечната 1962 година го носеше Мерилин Монро, ги сврте сите погледи кон себе. Кои други денешни ѕвезди го ископирале стајлингот на познатите од минатото?

Облеката од минатото и старите стилови секогаш се враќаат во мода, а многу често ги промовираат и славните жени.
Дури и за голем настан и црвен тепих, некои светски ѕвезди знаат да облечат стар, винтиџ фустан, да стават модерен накит, чевли и да воодушеват со изгледот.
Кои славни жени облекоа винтиџ фустани на црвениот тепих и ги оставија фановите со подзината уста?
Џенифер Лоренс на забавата на Vanity Fair во 2024 носеше винтиџ фустан кој во 1996 го облече Кејт Мос на модна писта.

На почетокот на 2024 година Зендеја позираше за насловната страница на The Contenders во фустан од Louis Vuitton од 2013.

Кендал Џенер избра креација од Jean Paul Gaultier за забавата на Vanity Fair. Истиот фустан во 2008, само во друга боја, го носеше актерката Мерион Котилард.

Челзи Лазкани, ѕвездата на реалното шоу Selling Sunset, на MTV Movie and TV Awards во 2022 година, се појави во истиот фустан што го носеше Викторија Бекам во 2005 година.

Во 2022 година Ким Кардашијан се појави на Мет гала во фустан што далечната 1962 година го носеше Мерилин Монро на роденденот на американскиот претседател Џон Кенеди.

Актерката Кери Вашингтон на American Black Film Festival Honors го облече црвениот фустан што во 1996 година го носеше Витни Хјустон.

Оскаровката Ема Стоун на црвениот тепих во 2024 се појави во истиот фустан од Givenchy што Клотилд Кору го носеше во 2003.

Во 2021 година Ајрис Лав избра фустан од Roberto Cavalli, истиот што манекенката Наталија Водјанова го облече во 2004 на премиерата на филмот Kill Bill.

За посетата на Бакингемската палата во 2018 година, Наоми Кемпбел избра винтиџ фустан од Pierre Cardin.

На забавата на Vanity Fair 2024, Лили Рејб носеше фустан од Marc Jacobs од 2006 година. Истиот фустан претходно го облече и актерката Џинифер Гудвин.

А. Ј. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Гвинет Палтроу без гаќи, Ен Хетавеј гламурозна - Најлошо и најдобро облечените ѕвезди на Оскари 2026
Гламур, стил, но и модни промашувања на црвениот тепих на најважната филмска ноќ...
Модни идеи за жени над 50 години - Што да облечете оваа зима за да бидете во тренд?
Според стилистите, важно оваа зима е да не претерате со деталите и со накитот, т...
Ирина Шајк сексапилна во фустан што ѝ ги открива градите, па во чипка - Блесна на Сан Ремо 2026
Ирина, која важи за една од најзгодните манекенки во светот, издоминира на Сан Р...
Хајди Клум во „гол“ фустан - Најубаво и најлошо облечените дами на Греми 2026
Иако многу ѕвезди воодушевија со стилот, имаше и такви кои делуваа непристо...
Ива е кул матурантка од Кочани со фустан од тантела - сама го нацртала дизајнот, прадедо ѝ бил главе...
„Сама го нацртав дизајнот на мојот матурски фустан. Инаку, јас и моето семејство...
Идеи за есенски аутфити ако сакате ќерката да ја облечете како мини стилска икона (фото)
Бутиците се преполни со трендовски парчиња дури и за најмалите – како да ги комб...
