Пластичната хирургија брише 9 години од лицето

plasticnata-hirurgija-brise-9-godini-od-liceto-povekjeНово истражување покажало дека со помош на пластичната хирургија можете да изгледате помлади дури за девет години. Колку повеќе пластични...


...операции имате, толку е поголема разликата помеѓу реалмите и „новите“ години.

Резултатите на истражувањето кое е спроведено на универзитетот во Торонто се објавени во Архивот на пластичната хирургија на лицето.

На студенти од прва година на медицина им се покажании фотографии на шеесет годишници.

Студентите требало да ги проценат годините на 53 жени и седум мажи пред и по одењето „под нож“.

Сите пациенти имале фејс лифтинг и тоза од една до три операции.

plasticnata-hirurgija-brise-9-godini-od-liceto

22 од нив имале затегнување на лицето и вратот, 17 имале фејс лифтинг и подигање на очните капаци и уште 22 имале затегнување на лицето, вратот, капаците и челото.

Како и што се очекувало, оние што имале најмногу операции изгледале значително помалди од оние што имале само една.

Пациентите кои имале само една операција во очите на студентите во просек изгледале 5,7 години помлади, оние со две операции 7,5 години, а пациентите со три операции делувале за 8,4 години помладо.

Ова испитување докажува дека успешноста на подмладувањето се мери и со перцепцијата на околината.

Авторите на студијата се надеваат дека нивното истражување ќе им помогне на пластичните хирурзи како доказ, кога на пациентите ќе им ги формулираат предоперативните очекувања.

Би можело да ве интересира:

5 неутрални нијанси идеални за есенски и зимски комбинации, ако ви здодеа црна (фото) Ако сакате неутрални нијанси, но веќе ви е „преку глава“ од црна, експериментира...
Девојките летово се опседнати со еден хит тренд – сè во гуава розова боја (фото) Лето 2025 носи нова тренд боја што девојките ја обожаваат - гуава розова е хит з...
9 модели на чевли кои ќе бидат хит во лето 2025 Ретро сандалите со дебели ремчиња на лепење станаа вирален хит, исто како и глад...
Нашиот Андреј Пајмакоски издоминира во модното списание High Voltage Еден од нашите најдобри машки модели кои работат интернационално, се најде во но...
Капутот како скроен за секоја жена е омилен на Јелена Ѓоковиќ - Безвременскиот модел е хит за есен 2... Капутот кој е спој на класика и елеганција е повторно во мода - најдоброто од сè...
Капи и модни додатоци за глава што ќе доминираат во есен 2025 Беретките кои се синоним за елеганција, но и големите стегачи кои беа популарни ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg