Што облекоа гостите на првите „Лазаров награди“ во Скопје? (фото)
Стефан и сопругата Марта беа усогласени во црно, а црно избраа и Таско со сопругата Наташа. Елена Ристеска носеше црвен мини фустан, а Игор Џамбазов, во свој стил комбинираше фармерки со палто и патики. Како се облекоа гостите на првите „Лазаров награди“?
Фото: vkrphotography
Вчеравечер во познат ресторан во Скопје се одржа голема забава, организирана од јутјуберот Стефан Лазаров.
На забавата, Стефан прослави 5 години од постоењето на неговиот Јутјуб канал, успесите што ги постигнал во овој период, а на дел од своите соработници и луѓе од естрадата им додели и награди.

Истовремено, промовираше дел од документарецот посветен на Зоки Фаци, неговиот починат пријател и соработник, но доделуваше и награди за своите следбеници на социјалните мрежи.
А на забавата, освен сопругата Марта, сестра му, актерката Марија Лазарова и родителите, беа многу пријатели на Стефан, негови соработници и личности од естрадата.
Сите тие прошетаа на црвениот тепих пред да влезат на забавата, а се дотераа прикладно за настанот на кој беа поканети.
Повеќето мажи носеа костуми, додека модата кај жените варираше - едни избраа долги фустани, други мини.
Погледнете што облекоа дел од гостите на забавата:
Марија Лазарова
Сергеј Варошлија

Таско и сопругата Наташа

Драгана Спасовска

