Ирина Шајк сексапилна во фустан што ѝ ги открива градите, па во чипка - Блесна на Сан Ремо 2026
Ирина, која важи за една од најзгодните манекенки во светот, издоминира на Сан Ремо во моментот кога се појави на скалите од сцената и почна да слегува полека и грациозно надолу во проѕирен чипкан фустан.

Руската манекенка Ирина Шајк е една од водителките на годинешното издание на најголемиот италијански музички фестивал, Сан Ремо.
И уште пред да излезе на сцената, во јавноста се појавија фотографии од нејзиното претставување како водителка, но и од пробите.

А на нив Ирина блеска како да нема 40 години, туку да е дупло помлада.

Таа на официјалното претставување пред новинарите носеше бел фустан со чипка (кој повеќе личи на неглиже) и бунда, а на пробата пред официјалниот почеток на фестивалот, беше облечена во црн фустан под кој се наѕираа нејзините гради.

Сепак, манекенката, која важи за една од најзгодните жени во светот, издоминира на Сан Ремо во моментот кога се појави на скалите од сцената и почна да слегува полека и грациозно надолу во проѕирен чипкан фустан, мрежести хулахопки и впечатливи чевли со пердуви во истиот стил.

Повеќе фотографии од Ирина на Сан Ремо:


