Осум тренди комбинации со бела кошула – најпопуларното парче за оваа пролет
Со долго тесно здолниште
Без разлика дали е кожено или тексас, долгото тесно здолниште изгледа совршено во комбинација со бела кошула.
И ова е аутфит што изгледа добро и со штикли, и со патики, но и со чизми.

Со вратоврска
Женските вратоврски повторно се хит, а изгледаат најдобро со бела кошула.
Можете да ја комплетирате комбинацијата со мини здолниште, но и со фармерки или, пак, класични панталони.

Со елегантна марама
Никогаш нема да погрешите со бела кошула и елегантна марама.
Можете да ја врзете околу вратот, за поелегантен изглед, но исто добро ќе изгледа и ако ја ставите на главата, за полежерно издание.

Целосно бел аутфит
Кога не сте сигурни што да облечете, монохроматските комбинации ви се најдобар избор.
Ако целосно белиот аутфит ви делува малку монотоно, секогаш можете да го освежите со впечатлив накит, но и чевли кои ќе бидат акцент.

Спирова С. | Црнобело
