Осум тренди комбинации со бела кошула – најпопуларното парче за оваа пролет
Со бермуди, со фармерки или со мини здолниште – има безброј опции кога е во прашање бела кошула.

Иако белата кошула е класика што никогаш не излегува од мода се чини оваа пролет е во центарот на вниманието.
Бидејќи е неутрална, лесно се комбинира со речиси секакви парчиња, а изгледа добро и во деловни, и во полежерни комбинации.
Осум предлози како да ја носите оваа пролет:
Со бермуди
За потоплите пролетни денови, можете да ја комбинирате белата кошула со бермуди.
Овој аутфит е идеален и за на работа бидејќи изгледа елегантно, удобен е, а бермудите не се премногу кратки.

Со фармерки
Комбинацијата од бела кошула и фармерки е класика со која нема да погрешите.
За полежерно издание облечете патики, а за пософистициран изглед, можете да ја носите со штикли, па и сандали.

Со костим
Костимот е секогаш сигурен избор, а бидејќи е неутрална, белата кошула одлично ќе се вклопи во аутфитот.
Притоа, пошироките костими изгледаат добро и со патики.

Со мини здолниште
Ако не сакате премногу софистициран изглед, тогаш белата кошула комбинирајте ја со мини здолниште.
Пролетта е идеално време кога овој аутфит можете да го комбинирате со чизми, за врнежливите денови.

