Зелените нијанси се пролетен хит – како да ги комбинирате со други бои?
Монохроматски зелен аутфит
Комбинацијата од една или неколку зелени нијанси има навистина модерен ефект.
Ако комбинирате потемни и посветли нијанси, аутфитот ќе делува отмено, а не монотоно, особено ако си играте и со разните текстури на материјалите.

Зелена и металик тонови
Сребрената и златната боја им даваат доза луксуз на зелените нијанси.
Додека сребрената ја нагласува нејзината „постудена“ страна, во комбинација со златна, зелената може да делува потопло.
Оваа комбинација е идеална за вечерни излетувања или секојпат кога сакате да бидете повпечатливи.

Зелена и бордо
Иако бордото е нијанса што повеќе ја поврзуваме со есен и зима, во комбинација со зелена може да биде идеална за пролет.
Богатата бордо нијанса создава контраст и ѝ дава доза елеганција на зелената.

Зелена и кафеава
Ова е комбинација кај која нема простор за грешка бидејќи зелената и кафеавата одлично се надополнуваат.
Заедно создаваат топол и хармоничен изглед, а комбинацијата е идеална за лежерни аутфити.

Спирова С. | Црнобело
