Пастелна пролет

Во пролетните денови, разубавете го вашиот лик со пастелни бои кои совршено ќе ја нагласат вашата свежина и подготвеност за дочек на топлото време...

 

 

За оваа пролет 2009 главниот “лук” е суптилна женственост која лесно се постигнува со техниката на “smokey eyes”. Нежни настелни бои преовладуваат во скоро сите палети на шминки, а најважно место завземаат нијансите на виолетовото.

Дури и моливчето за очи се препорачува да е во оваа боја. Новата палета на бои не значи да целосно од корист треба да ги исфрлите сенките кои сте ги користеле цела зима, туку да ги искомбинирате со нежни пастелни тонови.

Ако користите седефасти сенки, занемарете ја техниката на “smokey eyes”, затоа што не сакате да изгледате како старлета од Лас Вегас, посебно ако се во прашање живи пролетни бои. Подобро употребете мат варијанти.

Разубавете се и бидете атрактивни со истакнување на трпките. Со повеќе слоеви маскара кои ке ги згусне и поткрене трпавиците, ќе биде доволно за женствен изглед. Веѓите остануваат природни и нежни, па не треба дополнително да ги истакнувате.

Лице
pastelna-prolet1
Што се однесува до шминката на лицето, нагласувајте ги усните или очите, а лицето останува што е можно поприродно. Премногу пудра едноставно не доаѓа во предвид, можеби само малку за покривање на недостатоците. Користете креми соодветни на вашиот тип на кожа, така што вашето лице ќе зрачи со сјај, свежина и здравје.

Усни
Бојата на усните и оваа сезона ќе игра важна улога. Нагласувањето е токму на усните, па затоа предност имаат јаките нијанси на црвената боја. Усните негувајте ги со многу балсам за усни, така што ќе бидат здрави и привлечни.

Не заборавајте, ако ги нагласувате усните, очите нека бидат дискретно нашминкани и обратно, ако очите ви се во прв план, тогаш на усните нанесете безбоен сјај.

Би можело да ве интересира:

Ангела од Охрид е трудница со впечатлив летен моден стил: „Сакам да го истакнам стомакот, горда сум ... „Секој има личен избор да одлучи што да прави со своето тело. Мразам да слушам д...
10 модни трендови за рана есен, кои треба веќе да ги имате (иако е лето) Панталони и здолништа со чипка во долниот дел, лесни џемпери со копчиња, чанти и...
Идеи како стилски да носите кожен мантил во разни комбинации Ако немате идеја како да го носите кожениот мантил – ви предлагаме неколку модни...
Девојките летово се опседнати со еден хит тренд – сè во гуава розова боја (фото) Лето 2025 носи нова тренд боја што девојките ја обожаваат - гуава розова е хит з...
8 модни формули со здолниште, идеални за (рана) есен Плисирано здолниште и џемпер, со високи чорапи и балетанки – идеална комбинација...
Панталоните со „балон“ ногавици се меѓу најголемите (про)летни трендови – Како да ги комбинирате? (ф... Бидејќи нивниот облик е во фокус на аутфитот, треба да ги комбинирате со поеднос...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg