Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Нови правила за сончање

novi-pravila-za-soncanje

Дерматолозите велат дека е крајно време да сфатиме дека кожата не е само предмет за нега. Таа не е само убав исончан тен кој му го покажуваме на светот туку и најголем орган на нашето тело со важна функција во зачувување на имунитетот и здравјето на целиот организам.

Груби задебелувања со црвеникава, жолта или кафена боја се создаваат само по изложувањето на сонце и се сметаат за пред канцерогени појави кои во 10 проценти од случаите може да поминат во рак на кожата.

Затоа нема изговор – оставете ја бојата, чувајте го здравјето. Козметичките куќи толку ја усовршиле технологијата на производство што препаратите за сончање сега се и пријатни и разновидни.

Ние ви ги откриваме најновите и најдобрите трикови за заштита од сонцето.

Мачкајте се секои два часа

Кремата нанесете ја 30 минути пред да излезете на сонце и тоа во доволна количина. Се проценува дека на просечна возрасна личност и се потребни околу 6 лажичиња препарат за целото тело, а тоа е околу 30 ml. Студиите меѓутоа, покажуваат дека повеќето нанесуваат само една четвртина,а  во најдобар случај три четвртини од препорачаната количина. Кремите ставајте ги секои два до три часа и знајте дека тие не делуваат на намалување на синтезата на витамин Д во кожата.

Сенката е вистински непријател

УВА зраците го оштетуваат имунитетот повеќе отколку УВБ зраците и имаат голема улога во создавањето на пигмнетни флеки на кожата како и на алергијата на сонце. Речиси половината од нашата изложеност на УВА зраци се случува на сенка. Затоа е важно секогаш да се биде намачкан. Прозорските стакла во куќата и автомобилите апсорбираат УВБ зраци, но пропуштаат УВА зраци, па затоа треба да си обезбедите штитници за стаклата во автомобилите.

Добијте убава боја

Направете пилинг на лицето и телото две недели пред одмор. Така ќе ги отстраните наталожените слоеви од изумрени клетки од површината на кожата, поради кои може да се создадат потемни флеки. На вака подготвена кожа бојата ќе се задржи подолго и ќе биде рамномерно распоредена. За цело време одржувајте го нивото на влага во кожата на лицето и телото. Пијте доволно течности и јадете свеж морков.

Не се„пржете“ на плажа

Дури и употребата на крема со широк спектар на заштита со најголем фактор не ви дава слобода да седите на сонце по цел ден. Затоа скратете го изложувањето на сонце. Доволно е да се сончате од осум до десет наутро и од пет попладне, па додека не се стемни. Секако, шапката и очилата за сонце се подразбираат, како и облека која го покрива поголемиот дел од вашето тело и не е припиена до него.

Чувајте ја косата

По пливањето во море, задолжително исплакнете ја косата со обична вода. Потоа заштитете ја со спреј или крема за коса со висок СПФ фактор и носете шапка или марама. Немојте да ја чешлате косата додека е водена. Бидејќи на море секојдневно ја миеме косата, нека шампоните и балсамот бидат нежни и хидратантни.

Би можело да ве интересира:

Јасмина (28) од Скопје се облекува во тон со ќеркичката Клара (5) - во едноставни и елегантни аутфит... „Откако станав мајка спонтано почнав она што ќе го изберам за себе да го ус...
Путер жолтата боја е тренд за пролет 2025 (фото) Жолтата често знае да биде тешка за комбинирање, но оваа нежна верзија му прилег...
Мајка и ќерка (6) од Охрид се облекуваат во тон и имаат кул моден стил „Уште кога останав бремена знаев дека ќе имам ‘matching’ комбинации со моето дет...
Бои на облека кои најмногу одговараат на бринети: 5 победнички опции Бои кои ќе ја истакнат вашата природна убавина и боја на коса, а со кои ќе изгле...
Мартија Станојковиќ најсмело, Барбара Поповиќ - тантела: Како познатите Македонки ја носат црната бо... Од елегантните изданија на Тамара Тодевска со длабоко деколте до мини фустанчиња...
Детали на кои треба да обрнете внимание кога купувате чанта – прават да изгледа „евтино“ Непријатен мирис и конци што висат – на кои ситници да обрнете внимание кога куп...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg