Тренди комбинации со црн фустан, идеални за лето

Носете го со бела маичка, со каубојски чизми или со сандали со мала потпетица. Како да го комбинирате црниот фустан ова лето?

trendi-kombinacii-so-crn-fustan-idealni-za-leto-01.jpg

Црната е бојата на којашто ѝ се враќаме сите, без разлика на трендовите што доминираат.

Сепак, во потоплите месеци повеќето настојуваат да ја избегнуваат и ја заменуваат со посветли и пастелни нијанси.

Но, црната боја може да изгледа одлично и во лето.

Оваа сезона огромен хит се црните едноставни фустани направени од лесен материјал.

Кога се од лен, памук или свила, ѝ дозволуваат на кожата да дише, а се одлично освежување за летните аутфити.

Како да ги комбинирате црните фустани ова лето?

Со бела маичка

Еден од наједноставните начини да го искористите црниот фустан за лежерен аутфит е со бела маичка со кратки ракави.

Облечете ја маичката под фустанот, а дополнете ја комбинацијата со апостолки или рамни чевли, па и патики.

trendi-kombinacii-so-crn-fustan-idealni-za-leto-02.jpg

Мини црн фустан со каубојски чизми

Чизмите не се првиот избор за во лето, но кога не е многу жешко, можат да бидат одличен детаљ.

Оваа сезона особен популарни се каубојките кои, пак, изгледаат одлично со краток црн фустан.

Аутфитот со чизми е идеален за концерт на отворено или музички фестивал.

trendi-kombinacii-so-crn-fustan-idealni-za-leto-03.jpg

Црн фустан со ниски чевли

Ако не ви се допаѓа комбинацијата со бела маичка, црниот фустан секогаш изгледа добро и со едноставни рамни чевли, како сандали, па и влечки.

Во оваа комбинација можете да додадете повпечатлив накит или чанта со впечатлив дезен.

trendi-kombinacii-so-crn-fustan-idealni-za-leto-04.jpg

Црн фустан и сандали со мала потпетица

Сандалите со мала потпетица се меѓу фаворитите за ова лето, а изгледаат одлично во комбинација со црн фустан.

Оваа елегантна комбинација е идеална за вечерни излегувања.

trendi-kombinacii-so-crn-fustan-idealni-za-leto-05.jpg

Црн фустан со марама околу струкот

Марамата заврзана околу половината е вистински хит оваа сезона, а овој тренд изгледа добро и со црн фустан.

Дополнете ја комбинацијата со сандали или влечки и плетена торба.

trendi-kombinacii-so-crn-fustan-idealni-za-leto-06.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

7 модели на женски очила за сонце кои ќе бидат хит во лето 2025 Од модерни авијатичарски до ретро розови очила како во 2000-тите и класичните ов...
Ива е кул матурантка од Кочани со фустан од тантела - сама го нацртала дизајнот, прадедо ѝ бил главе... „Сама го нацртав дизајнот на мојот матурски фустан. Инаку, јас и моето семејство...
Ирина Шајк сексапилна во фустан што ѝ ги открива градите, па во чипка - Блесна на Сан Ремо 2026 Ирина, која важи за една од најзгодните манекенки во светот, издоминира на Сан Р...
10 модни трендови за рана есен, кои треба веќе да ги имате (иако е лето) Панталони и здолништа со чипка во долниот дел, лесни џемпери со копчиња, чанти и...
7 водечки модни трендови за лето 2026 Марама која може да се носи на безброј начини, брошовите кои се тренд од минатот...
Седум модни комбинации со чизми за оваа пролет (број 3 ќе сакаат сите да ја пробаат) Со женствени, спортски и деловни комбинации - чизмите се хит оваа пролет, а може...

Најчитани неделава