7 парчиња кои не се купуваат на распродажба

7-parcinja-koi-ne-se-kupuvaat-na-rasprodazba

Се подготвувате за летните попусти и за обновување на вашата гардероба? Што ако парчињата кои се со навистина ниски цени никогаш нема да ги облечете?

Пробајте да заштедите дури и на распродажбите. Летниот период кога цените се пониски за 80% можеби и не е најпаметно време за трошење пари.

Избегнувајте ги следниве 7 парчиња облека за да заштедите и никогаш нека не ве залажува нивната ниска цена.

1. Парчето облека кое кога ќе го видите си велите: “Ќога ќе изгубам неколку килограми, сигурно ќе го носам”. Прва и најголема грешка! Вашиот конфекциски број мора да се совпаѓа со оној на облеката во вашиот плакар. Ниту едно парче кое што е помало или поголемо од вашиот број не е вредно за цената, па колку таа и да е ниска.

2. Облеката или модниот додаток кој минатата сезона беше на насловната страница на секое списание, сега е на попуст? Размислете дали го купувате бидејќи ќе го носите, или само затоа што половина од девојките веќе го имаат.

3. Вашата колешка има исто такво парче и и стои прекрасно? Дали тоа значи дека и вас ќе ви одговара? Ако некое парче не се вклопува во вашиот стил, излишно е неговото купување, без оглед колку добро тоа и стои на вашата колешка или пријателка.

4. “Ако некогаш одам на Сафари” парче облека. Шарено платно, украсени со монистри. Дали навистина е неопходно такво парче во вашиот плакар? Шарите и светките кои ве маѓепсале, не значи дека мора да се најдат на вашето тело. Можеби некогаш подобро е да останат на куклата на излогот.

5. Веќе имам 15 вакви, но ова е поразлично. Познато, нели? Не се убедувајте да трошите пари на нешто што веќе го имате, само затоа што во моментот ви се чини неодоливо.

6. Чевли во кои неможете да ја напуштите куќата. Зарем има потреба секогаш да изгледате како Carrie Bradshaw, по секоја цена? Ако не можете да поминете 5 минути во некои потпетици, вратете ги.

7. Облека која ве залажува со ниската цена, а сте свесни дека можеби никогаш нема да ја облечете – едноставно одминете ја! Научете дека се што е евтино не значи дека е квалитетно и удобно.

Би можело да ве интересира:

10 модни трендови за рана есен, кои треба веќе да ги имате (иако е лето) Панталони и здолништа со чипка во долниот дел, лесни џемпери со копчиња, чанти и...
Вакви ѕвезди! Џенифер Лоренс купува на акција, носи облека од втора рака и евтини фустани на црвенио... Вистински пример за скромност! Таа е една од најдобрите актерки на денешницата, ...
Ива Ситновска од Кочани: „Сакам храбри комбинации, не е важно дали носиш бренд или едноставна облека... „Модата ја носам во себе уште од мала, затоа што потекнува од моето семејство и ...
Идеи за есенски аутфити ако сакате ќерката да ја облечете како мини стилска икона (фото) Бутиците се преполни со трендовски парчиња дури и за најмалите – како да ги комб...
Пет модни трикови со кои ќе го подобрите изгледот на стариот (и здодевен) капут Ставете колан врз капутот или, пак, голема впечатлива ракавица врз ракавот. С...
Летните елеци се нов моден тренд за 2025 – како ги носат модерните дами? (фото) Еден од поновите трендови за лето 2025 се елечињата без прерамки - модерните дев...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg