За љубовта кон стилот: Avon City Rush

Моќен. Самоуверен. Шик. City Rush е новиот софистициран парфем – еден за мажи и еден за жени – кој инспирира сензуалност и сила.

za-ljubovta-kon-stilot-avon-city-rush-01

Сензационален мирис кој зрачи со доверба, од AVON, лидер меѓу парфемите повеќе од еден век.

Инспирација:
Сите очи се вперени во вас. Овој нов мирис од Авон е дизајниран за самоуверени, за личности кои сакаат да бидат храбри. Мирис за оние кои имаат модерен  стил и личност, кои се совпаѓаат. City Rush е мирис што го отелотворува чувствотo на еманципација и примамлив сексапил.

Лицето:
Глобално познат модел, актерка, музичар, и мајка - Мила Јовович е лицето на City Rush парфемот за жени. Нејзините модни корени и филантропски цели се отелотворени во City Rush жената.

Наградуваниот бразилски модел и актер Карлос Касагранде, е совршен избор за заштитно лице на City Rush за мажи. Неговиот речиси застрашувачки, но сепак момчешки изглед го привлекува вниманието на сите. Тој е примамлив и моќен исто како City Rush.

Нотите:

City Rush за неа:

- Горни ноти: Овој софистициран мирис Ве придобива со чистите сјајни ноти на багрем, испреплетен со длабок мирис на сливи и обвиткан со свеж зелен бршлен.
- Средни ноти: Сензуалната основа одкрива заводливи цветни тонови на црна георгина, роза и ванила орхидеи кои создаваат мистериозна и богата арома.
- Основни ноти: кадифените допири на благите дрвени и земјени пачули цветови се мешаат со свилените мошусни ноти и заедно ја создаваат трајната основа на овој мирис.

City Rush за него:

- Горни ноти: Бурбонот зачинет со мирис на црн пипер е испреплетен со чистината на свежите јаболка и италијанската мандарина, за да ја поттикне неговата самодоверба и машкост.
- Средни ноти: Централните ноти ги заведуваат сетилата преку комбинирање на црните георгини и ароматичната мускатна жалфија, избалансирани со свеж здравец.
- Забелешки: Благи допири на кашмирски дрвни ноти со елегантет мошус и мек мирис на сандалово дрво, водат кон рафиниран мирис кој навистина е неодолив.

Каде можете да го купите?
Достапен само преку преставниците на Avon. За да најдете преставник на Avon посетете ја веб страната.

Би можело да ве интересира:

Модни идеи за жени над 50 години - Што да облечете оваа зима за да бидете во тренд? Според стилистите, важно оваа зима е да не претерате со деталите и со накитот, т...
14 модни трендови за мажи, кои ќе бидат популарни до крајот на 2025-та Од сафари јакни, преку кафеави парчиња, до чизми со врвки и сатенски тренерки - ...
Ретро летен тренд: Марама врзана на главата, како Џеј Ло и Бијонсе во 2000-тите (фото) Летово се врати уште еден тренд од раните 2000-ти – марами врзани на горниот дел...
Модата на првата вечер на Shtip Fashion Days 2025: Што облекоа посетителите? На првата вечер доминираа црни аутфити со тантела и кожени детали, а меѓу посети...
Чести модни грешки со кои самите несвесно си додавате години Многу жени избираат искинати фармерки со надеж дека ќе им дадат младешки изглед....
6-те омилени модни додатоци на инфлуенсерките за есен и зима 2025 Машка вратоврска во аутфит со сако, марама врзана на половината врз капут или са...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg