5 трикови за поголеми очи и изразен поглед

Имате ситни очи? Немојте да очајувате, бидејќи добро нанесената шминка чуда прави,а  со помош на мејкапот уморните и мали очи можете да ги претворите во големи и изразени.

5-trikovi-za-pogolemi-oci-i-izrazen-pogled

Еве неколку едноставни трикови за „отворени“, сјајни и поголеми очи.

Завиткајте ги трепките

Наједноставниот трик е да ги свиткате трепките и задолжително да нанесете два слоја маскара. Прво нанесете маскара на горните трепки, а со остатокот од маскарата на четката, намачкајте ги и долните трепки.

Веѓи под конец

Средете ги веѓите, така што ќе го отстраните вишокот влакна, ќе ги пополните со молив или сенка за очи и ќе обликувате убав лак.

Нијанса на коректорот

Окото освежете го со коректор за подочници во боја на праска или со розова нијанса.

Бел молив

Белиот молив во вид на крем е задолжителен и треба да се нанесе на долниот раб на трепките, но и на внатрешниот раб од горниот и долниот капак.

Бојата на сенките

Сенките за очи нека се согласуваат со бојата на очите. На сини, сивкасти очи им прилегаат сиви, виолетови или црни нијанси на сенки. Кафените очи сакаат сини, кафени, беж и зелени нијанси, додека на зелени очи најдобро им прилегаат кафената, златната, бојата на праска и виолетовата боја.

Би можело да ве интересира:

7 модели на женски очила за сонце кои ќе бидат хит во лето 2025 Од модерни авијатичарски до ретро розови очила како во 2000-тите и класичните ов...
6 бои на чевли што ќе ги носиме оваа есен (фото) Иако светлите нијанси како беж се попопуларни во потоплите месеци, можат да бида...
Ретро летен тренд: Марама врзана на главата, како Џеј Ло и Бијонсе во 2000-тите (фото) Летово се врати уште еден тренд од раните 2000-ти – марами врзани на горниот дел...
Кобалтно сината е најпопуларната боја за 2026-та – како да ја комбинирате? (фото) Ако не сакате да ризикувате, можете да ја освежите комбинацијата со кобалтно син...
Ива Ситновска од Кочани: „Сакам храбри комбинации, не е важно дали носиш бренд или едноставна облека... „Модата ја носам во себе уште од мала, затоа што потекнува од моето семејство и ...
Шест бои што ќе бидат хит за зимските комбинации (и една што излегува од мода) Сите нијанси на кафена, но и зелена како лимета – шест бои што ќе ги гледаме нас...

Најчитани неделава