Дневна шминка за топлите денови

Еве пристигнаа и сончевите денови со високи температури. Нивното доаѓање значи дека е време да ги спакуваме темните тонови на шминка кои ги користевме додека времето беше поладно и да е подновиме со светли и нежни нијанси и тоа во мали количини. Дневната шминка за топлите денови никако не смее да биде тешка и нападна, туку неутрална, нежна, во пастелни бои, со по некој посилен пигмент на одреден дел од лицето.

dnevna-shminka-za-toplite-denovi-1

Пролетта и летото се резервирани за транспарентна шминка. Оваа година овој изглед е освежен со нешто појак пигмент на усните, како класичниот црвен или интензивно розев кармин.

Очите ова лето ќе бидат врамени со тенка четкичка за туш и лесен „smokey“ ефект, постигнат со сини или металик тонови.

Исто така, во пролет почнуваме да користиме и бронзер за образи, кој дава ефект на исончано лице. Оние кои имаат светла кожа нека одберат исто таков бронзер, а оние со природна темна кожа можат да си дозволат темни и сјајни нијанси.

Во продолжение неколку тренди пролетни идеи директно од модните писти, за топлите и сончеви денови кои следат.

Anthony Vaccarello

На капаците е нанесена светло сина сенка за очи, со помош на техниката „smokey eyes“ и многу малку од истата под долните трепки. Правило за оваа сезона е да избегнуваме боја на сенка, каква што се нашите очи, но сината сенка на сини очи едноставно е совршена. Трепките се нежно свиткани, а на усните е нанесен нежен розов кармин во комбинација со исто такво руменило за лице.

dnevna-shminka-za-toplite-denovi-2

Chalayan

Овој „гол“ изглед всушност треба да постигне ефект дека вие воопшто не носите шминка на себе. Малку осветлувач за кожа, малку руменило и малку нежна пастелна боја на кармин на усните или само проѕирен сјај.

dnevna-shminka-za-toplite-denovi-3

Dolce & Gabbana

Уште еден лежерен изглед со малку повеќе бронзер на образите за да го истакне вешиот исончан тен. Очите се врамени со многу тенко моливче или туш, и тоа од внатрешната страна на капаците. Маскара на трепките во неколку слоја и интензивно руменило, но затоа ан усните нема ништо. Евентуално балсам.

Marcs Jacobs

За оние кои сакаат поинтензивно нашминкани очи, ова е одличен изглед. Smokey eyes, но понежни од оние во есен и зима. За овој изглед се користи сиво – сребрена сенка, маскара во неколку слоја, малку руменило на образите,а на усните ништо.

dnevna-shminka-za-toplite-denovi-4

Burberry

Секогаш модерен и тренди изглед! Скоро без шминка, освен црвениот кармин, нанесен во еден потег кој му дава на лицето свежина, порцелански изглед и елеганција.

Па девојки кој е вашиот фаворит за оваа сезона?

Би можело да ве интересира:

7 модели на женски очила за сонце кои ќе бидат хит во лето 2025 Од модерни авијатичарски до ретро розови очила како во 2000-тите и класичните ов...
Пет модни трикови со кои ќе го подобрите изгледот на стариот (и здодевен) капут Ставете колан врз капутот или, пак, голема впечатлива ракавица врз ракавот. С...
Папучи со широки ремчиња наместо апостолки, блузи со голо рамо - Како да бидете шик ова лето? Оваа сезона, постојат работи кои навистина ќе мора да останат во вашиот плакар и...
Вирална кошула од ZARA која сите ја имаат сезонава – совршена за на работа (фото) Кошулата со сини и црвени пруги и голема панделка околу вратот изгледа како сите...
6 бои на чевли што ќе ги носиме оваа есен (фото) Иако светлите нијанси како беж се попопуларни во потоплите месеци, можат да бида...
Чевли кои можеби нема да ви се допаднат, а се најмодерни оваа сезона (фото) Според стилистите, овие модели се исклучително модерни, но им се допаѓаат само н...

Најчитани неделава