Фризура во стилот на грчка божица

Покрај плетенките и пунџите, на модната сцена повторно се враќа грчкиот стил. За оваа едноставна фризура потребни ви се само вешти раце и малку време.

frizura-vo-stilot-na-grcka-bozica-01

Фризурата е најдобро да ја правите ден или два откако ќе ја измиете косата, за да ја обликувате полесно.

Косата разделете ја на два дела, а зависно од желбата може да направите страничен или средишен патец.

Ставете еден тенок ластик на косата и започнете прамен по прамен да виткате околу ластикот, додека не ја соберете целата коса. Доколку имате неколку прамени нерамномерно собрани, прицврстете со мали шноли. На крај нанесете лак за коса.

Оваа фризура е совршена за топлите денови кога треба да изгледа средено и елегантно, а во комбинација со златна или сребрена трака е вистински избор за вечерниот изглед.

Погледнете го видеото кое детално ќе ви ја објасни како за неколку минути да добиете изглед на раскошна грчка божица.

Би можело да ве интересира:

Пет модни трикови со кои ќе го подобрите изгледот на стариот (и здодевен) капут Ставете колан врз капутот или, пак, голема впечатлива ракавица врз ракавот. С...
Идеи за есенски аутфити ако сакате ќерката да ја облечете како мини стилска икона (фото) Бутиците се преполни со трендовски парчиња дури и за најмалите – како да ги комб...
Ива Ситновска од Кочани: „Сакам храбри комбинации, не е важно дали носиш бренд или едноставна облека... „Модата ја носам во себе уште од мала, затоа што потекнува од моето семејство и ...
Ретро летен тренд: Марама врзана на главата, како Џеј Ло и Бијонсе во 2000-тите (фото) Летово се врати уште еден тренд од раните 2000-ти – марами врзани на горниот дел...
Антониа Гиговска, Теодора Џехверовиќ и Сара Јо со трендот за коса кој е хит летово - На која ѝ стои ... На еден од најголемите летни трендови за коса ова лето не останаа имуни ни пејач...
Идеи како стилски да носите кожен мантил во разни комбинации Ако немате идеја како да го носите кожениот мантил – ви предлагаме неколку модни...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg