Масло за сончање по рецепт на нашите баби

Ставете ја природата во служба на вашата убавина, баш како што тоа некогаш го правеле вашите баби. Пред многу години немало многу производи кои можеле да се набават на секој агол, па затоа жените морале да бидат мудри и да истражуваат за да бидат негувани како вистински дами.

maslo-za-soncanje-po-recept-na-nasite-babi-01

Со оглед на тоа дека се ближи сезоната на сончањето, вистинско време е да ви откриеме еден “рецепт на баба” кој ќе ви помогна брзо и лесно да направите масло за сончање кое благотворно ќе делува на вашата кожа и ќе ве штити од силното сонце.

Во стаклено шишенце со поширок отвор ставете неколку изрендани моркови, неколку сечкани зелени ореви, неколку цветови лаванда, а може да додадете и жалфија. Шишенцето наполнете го околу 70 проценти со оваа содржина, а потоа потопете ја со маслиново масло. Мешавината оставете ја на сонце од 20 до 25 дена, но секојдневно промешувајте течноста и на крајот процедете ја низ неколку слоеви газа.

Маслиновото масло има низок заштитен фактор, но сепак морковот и оревот ќе си ја завршат работата. Морковот е богат и со бета каротен и витамин А кои го забрзуваат потемнувањето, а го спречуваат црвенилото.

Лавандата и жалфијата пак, се одлични за негување на кожата бидејќи имаат смирувачко дејство. Раните, опекотините и акните ќе бидат речиси невидливи, а жалфијата ќе го намали и целулитот. Освен тоа, прекрасно ќе мирисате!

Би можело да ве интересира:

7 модели на женски очила за сонце кои ќе бидат хит во лето 2025 Од модерни авијатичарски до ретро розови очила како во 2000-тите и класичните ов...
Модни идеи за жени над 50 години - Што да облечете оваа зима за да бидете во тренд? Според стилистите, важно оваа зима е да не претерате со деталите и со накитот, т...
„И на 43 години носам мини фустанчиња - зошто никогаш не сме престари за тоа?“ „Го обожавам изгледот на мини фустан, но на 43 години мислев дека тие денови се ...
Ретро летен тренд: Марама врзана на главата, како Џеј Ло и Бијонсе во 2000-тите (фото) Летово се врати уште еден тренд од раните 2000-ти – марами врзани на горниот дел...
Што облекоа гостите на забавата на „Убавина и здравје“ во Скопје? (фото) Викторија Лоба, Чарна Невзати, Марис Џолин, Октај Сејди, Светлана Црнокрак се са...
Водителката на „Никад није касно“ е модна дама на 60 години - партнерот ја оставил бремена со близна... Партнерот ја напуштил додека била бремена со близнаците Бобан и Бојан, но таа ка...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg