Рецепт за природно осветлување на косата

Некои намирници што ги имаме во домот можат да се искористат на многу начини. Веројатно се слушнале за козметички производи со мед кои со своите состојки ја негуват косата, но дали знаете дека во домашни услови можете лесно да го употребите за да си ја осветлите косата?

recept-za-prirodno-osvetluvanje-na-kosata-01

Резултатот е воодушевувачки и добивате мека и нежна, две до три нијанси посветла коса.

Соодносот на медот и дестилираната вода е 1:4, а најмала количина мед е 10g. Процените колку вода ви е потребно во зависност од должината на вашата коса. Додадете по една лажица од цимет, кардамом и маслиново масло и оставете да одстои барем еден час.

Магијата се случува кога медот ќе дојде во допир со дестилираната вода и тогаш се ослободува природниот хидроксид.

Циметот, кардамомот и маслиновото масло го зголемуваат ефектот на тој спој. Смесата се нанесува на чиста коса на која нема остаток од регенератор или некои други препарати и се препорачува да се стави во пластична капа за туширање, а можете да ја ставите и во стара крпа.

Некои советуваат да се држи косата на тој начин цела ноќ, но доволни се и два часа.

Ако сакате да ја осветлите косата уште повеќе, повторете го третманот повеќе пати се додека не бидете задоволни со резултатот.

Би можело да ве интересира:

Ретро летен тренд: Марама врзана на главата, како Џеј Ло и Бијонсе во 2000-тите (фото) Летово се врати уште еден тренд од раните 2000-ти – марами врзани на горниот дел...
Мајка и ќерка од Македонија се облекуваат во тон: „Тешко е да се најдат исти парчиња за да сме целос... „Тиара (3) обожава да танцува, а во последно време „кујнските авантури“ ѝ се гол...
Антониа Гиговска, Теодора Џехверовиќ и Сара Јо со трендот за коса кој е хит летово - На која ѝ стои ... На еден од најголемите летни трендови за коса ова лето не останаа имуни ни пејач...
Како да ги носите летните слип фустани во зимски комбинации? Ако премногу ги сакате лесните слип фустани за да ги ставите под кревет, имаме п...
Идеи како да ги комбинирате каубојските чизми за да изгледате стилски (фото) Сигурно веќе насекаде во излозите и низ улиците ги гледате каубојките – ако ви т...
Капи и модни додатоци за глава што ќе доминираат во есен 2025 Беретките кои се синоним за елеганција, но и големите стегачи кои беа популарни ...

Најчитани неделава