Како евтиниот накит да изгледа скапо и модерно?

Имате ланче или обетки кои ги добивте на поклон, а воопшто не ви се допаѓаат и ви изгледаат некако излитено и евтино? Не очајувајте. Постои начин за помалку од 5 минути да ги претворите од кич во модерен аксесоар.

kako-eftiniot-nakit-da-izgleda-skapo-i-moderno-01

Потребен материјал:

  • Сребрена или шарена самолеплива трака
  • Ножици
  • Остар предмет – игла, скалпел

Измерете колкаво парче ви е потребно за да се прекрие површината која не ви се допаѓа и која сакате да ја промените. За да не ви се направат меурчиња воздух, самолепливата трака лепете ја од средината кон краевите.

Со остриот предмет исечете го вишокот на трака. Бидете внимателни, а ако некое ќоше ви остане, може слободно да пополните некој меѓупростор, на пример просторот помеѓу цирконите и железниот дел од накитот.

Откако ќе ги завршите овие чекори, поминете ја траката со безбоен лак за нокти за да го спречите оштетувањето.

Сега имате нов, сјаен накит кој изгледа многу помодерно од претходно!

Би можело да ве интересира:

Модни парчиња од 1990-тите кои ќе се вратат во полн сјај во 2025-та Фармерки со низок струк, палта од твид, рачно изработен накит - некои трендови с...
Омилените модни парчиња на Скандинавките за студените месеци Бомбер јакните се идеални за есен, додека дебелото сако со широк крој може да ви...
5 модни комбинации кои се удобни за патување, а изгледаат стилски Ленен комплет со тренди влечки или кратки панталони и маичка – и во удобна облек...
6 тренди модели на панталони, идеални за пролетни комбинации Панталони со риги, широки панталони со кралско сина нијанса, но и хеланки – неко...
Осум тренди парчиња што ви се доволни за да го поминете целото лето Ленените панталони се задолжително летно парче, исто како и едноставната еднобој...
6 бои на чевли што ќе ги носиме оваа есен (фото) Иако светлите нијанси како беж се попопуларни во потоплите месеци, можат да бида...

Најчитани неделава