Пудрата заменете ја со пилинг од грејпфрут

Грејпфрутот е надалеку познат како сојузник во борбата против вишокот килограми, но има огромни позитивни страни и во светот на убавината.

pudrata-zamenete-ja-so-piling-od-grejpfrut-01

Лимонската киселина која се наоѓа во ова цитрусно овошје ги отстранува мртвите клетки од кожата и го подобрува и изедначува тенот. Грејпфрутот содржи и хидроксилна киселина која површински ја затегнува кожата, односно ја намалува видливоста на борите.

Ако веќе сте изморени од секојдневното прекривање и коригирање на тенот со течна или камена пудра, овој пилинг е идеално решение за свеж и природен изглед.

Потребно ви е:

  • 1 шолја кафеав шеќер
  • ¼ шолја маслиново масло
  • 2 лажици свеж сок од грејпфрут

Сите состојки промешајте ги во шолја или подлабока чинија, а потоа смесата нанесете ја на лицето со нежни кружни движења.

Задржете го пилингот на лицето нешто помалку од 5 минути, а потоа исплакнете со млака вода.

Ако имате чувствителна кожа, претходно испробајте ја смесата на помала површина од кожата и задолжително нанесете хидратантна крема по третманот.

pudrata-zamenete-ja-so-piling-od-grejpfrut-02

Би можело да ве интересира:

10 модни трендови за рана есен, кои треба веќе да ги имате (иако е лето) Панталони и здолништа со чипка во долниот дел, лесни џемпери со копчиња, чанти и...
Идеи за есенски аутфити ако сакате ќерката да ја облечете како мини стилска икона (фото) Бутиците се преполни со трендовски парчиња дури и за најмалите – како да ги комб...
Летните елеци се нов моден тренд за 2025 – како ги носат модерните дами? (фото) Еден од поновите трендови за лето 2025 се елечињата без прерамки - модерните дев...
Кобалтно сината е најпопуларната боја за 2026-та – како да ја комбинирате? (фото) Ако не сакате да ризикувате, можете да ја освежите комбинацијата со кобалтно син...
Папучи со широки ремчиња наместо апостолки, блузи со голо рамо - Како да бидете шик ова лето? Оваа сезона, постојат работи кои навистина ќе мора да останат во вашиот плакар и...
Ретро летен тренд: Марама врзана на главата, како Џеј Ло и Бијонсе во 2000-тите (фото) Летово се врати уште еден тренд од раните 2000-ти – марами врзани на горниот дел...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg